Прескокни до содржината

Вести

5 објави

Предавање: Шесто масовно изумирање

Македонското еколошко друштво организираше предавање на тема „Шесто масовно изумирање“, предводено од проф. Д-р Маја Јорданова, раководителката на секцијата „Еколошка едукација“. Предавањето се одржа во еден од амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет во Скопје и беше посетено во голем број од членовите на МЕД. Предавањето направи присутните одново да се почувствуваат како студенти и разбуди инспирација за понатамошна дебата во која се вклучија речиси сите од членовите, што ни покажува…

Средби на членови на МЕД

Едукативно теренско истражување со членството на Македонско еколошко друштво

Македонското еколошко друштво за своите членови на 8 јуни 2024 одржа едукативно теренско истражување, предводено од раководителката на секцијата „Биодиверзитет“, проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ. Професорката Славевска Стаменковиќ, заедно со асистентката Јелена Хиниќ и нашата Деспина Китанова ги едуцираа присутните членови на МЕД за поточниот рак кој живее во водите на Љубанска Река, и кој претставува Натура 2000 вид. Професорката лично демонстрираше како се земаат примероци директно…

Средби на членови на МЕД

Годишна средба на членови на МЕД, Скопје 2017

На 20 декември, во Природонаучниот музеј Скопје, беше одржана годишна средба на членовите на МЕД. На средбата беа обележани 45 години од постоењето на нашата организација. Во текот на средбата беа презентирани заедничките достигнувања, препреките и следните чекори на делувања на Друштвото.  

Средби на членови на МЕД

Годишна средба на членови на МЕД, Пониква 2015

На Пониква на 16 мај 2015 година, беше организирана средба на членовите на Македонското еколошко друштво. Членовите за време на средбата беа запознаени со актуелните активности и новости на друштвото, а особено со оние кои МЕД ги спроведува на Осоговските Планини. Во рамки на средбата, беше организирана и посета на поставената едукативна „Патека на клукајдрвчето“ .

Средби на членови на МЕД

Годишна средба на членовите на МЕД, Пехчево 2012

Членовите на Македонско еколошко друштво се собраа на годишна средба, која се одржа во Пехчево на 7 октомври 2012 година. Околу триесетина членови беа присутни и учествуваа во дискусија која беше покрената по презентираните најнови збиднувања, промени и идни планови поврзани со структурата на МЕД. Ова е прва средба од ваков карактер и МЕД ќе се потруди да ја одржи оваа практика и во иднина, со цел одржување на редовната комуникација помеѓу раководителите на одделните секции, Претседателството,…

Средби на членови на МЕД