Прескокни до содржината

Вести

36 објави за „Меловски“

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од Македонското еколошко друштво

Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“ , покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот низ Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 % од европскиот континент, површина речиси шест пати поголема од таа што моментално ја заземаат, се предвидува во студијата која обедини истражувачи од 13 европски земји, меѓу кои и д-р…

Новости

„До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“: Македонското еколошко друштво и Планинарскиот клуб „Љуботен“ ве покануваат на планинарско меморијално искачување

Во чест и сеќавање на проф. д-р Љупчо Меловски, доајен на еколошката наука во земјава, Македонското еколошко друштво ве поканува на шестиот Меморијален марш „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“ што ќе се одржи на 26 април (недела) во соработка со Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово. Проф. д-р Љупчо Меловски беше научник, професор и голем вљубеник во планините. Човек со уникатна страст за заштита на природата од кого учеа многу млади еколози, човек кој има дадено исклучителен придонес за…

Новости

Еколошката наука во Македонија стана побогата за 13 нови истражувања на млади еколози

Од година в година, преку својата Програма за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“, Македонското еколошко друштво ги гради истражувачките капацитети на младите еколози во земјава 9 март 2026 година, Скопје – Во изминатите две недели, тринаесет млади истражувачи ги претставија заклучоците од своите научно-истражувачки проекти коишто беа поддржани со мал и среден грант во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво. Станува…

Новости

(ЗАТВОРЕН) Повик за мали и средни грантови „Д-р Љупчо Меловски“ 2026

Нова можност за младите еколози истражувачи да добијат и спроведат мал или среден грант и да ги искусат возбудите, но и потешкотиите на научното истражување и менаџирањето на проекти. Македонското еколошко друштво, преку Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ со гордост го распишува новиот повик за мали и средни грантови, преку кој еколозите не постари од 30 години можат да аплицираат за мал или среден грант. Во продолжение прочитајте ги правилата за аплицирање. За мал и…

Новости

Признание за трајни вредности од ПК „Љуботен“

Да се опстои еден цел век во каква било дејност е редок и навистина голем подвиг, а особено кога станува збор за мисија што бара страст, истрајност и длабока љубов кон природата и планините. Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, најстариот планинарски клуб во Македонија, на 15 ноември со свечена церемонија го одбележа својот импресивен 100-годишен јубилеј. Овој значаен датум сведочи за сто години неуморна енергија, заедништво и посветен труд вложен во промовирањето на планинарењето и…

Новости

Отворена изложба на фотографии од балканскиот рис

Македонското еколошко друштво вчера во хотел „Неда“ Галичник ја отвори изложбата на фотографии од балканскиот рис. Изложбената поставка содржи 21 фотографија од балкански рисови фотографирани во Македонија, Албанија и Косово. Пред присутните се обрати раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, Диме Меловски, кој објасни дека денес во дивината се останати уште помалку од 50 единки од овој критично загрозен вид. Многубројната публика го искористи присуството на тимот на…

Новости

Мурал за Светскиот ден на рисот

Со мурал од балкански рис и мала прослава, Македонското еколошко друштво денеска го прослави Светскиот ден на рисот. „Конечно најдовме дом за муралот, најдовме и артист кој го нацрта, и најдовме човек кој има визија и кој е отворен за соработка, а тоа е директорот на Театар Комедија - Дарко Спасов. Целта ни е со овој мурал да ја подигнеме јавната свест, не само на рурално туку и на урбано ниво. Кога работите ќе згуснат ни треба секаква поддршка, од секоја популација“, изјави раководителот на…

Новости

Меморијален марш и фото конкурс „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“

Во чест и сеќавање на Љупчо Меловски, неговото најблиско семејство, колеги, пријатели, студенти и почитувачи се искачија на планината Китка, следејќи ги стапките на човек кој целиот свој живот ѝ го посвети на заштитата на природата. Меморијалниот марш, што традиционално се одржува веќе петта година по ред, беше организиран од Македонското еколошко друштво во соработка со П.К. „Љуботен“ – Тетово. Оваа година, маршот се одржа на 27 април, во духот на сплотеност и длабока почит кон ликот и делото…

Новости

Мали грантови (2024)

Во текот на 2024 година се очекува да се реализирани седум истражувања како дел од Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“. Во продолжение ви ги претставуваме кратките резимеа на истражувањата.   Empetrum nigrum – непознато растение на Ш а р Планина со голем потенцијал Раководител: Алекс Јачовски Во 2021 година околу 698 km 2 површина од делот во Македонија беа прогласени за национален парк, по претходна изработка на обемна студија за валоризација. Емпетрумот (лат.…

Новости

Средни грантови (2024)

Во текот на 2024 и 2025 година треба да се реализираат пет истражувања како дел од Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“. Во продолжение ви ги претставуваме кратките резимеа на истражувањата. МОРФОЛОШКИ И ГЕНОМСКИ ДИВЕРЗИТЕТ НА E. GLAREOSA AGG. ВО МАКЕДОНИЈА И НЕКОИ РЕГИОНИ ОД БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ Раководител: Ангела Иванова Во последните години видот Euphorbia glareosa Pall. ex. Bieb. и блиските таксони се предмет на истражување во Македонија поради полиморфноста и…

Новости

Благодарение на Програмата за поддршка на млади еколози Д-р Љупчо Меловски, Македонија има 11 нови млади научници

Единаесет млади научници како дел од Програмата за поддршка на млади еколози Д-р Љупчо Меловски, успешно спроведоа 11 научно истражувачки проекти . Станува збор за проекти кои се занимаваат со истражување на биолошката разновидност, но и проекти од областа на заштита на животната средина и кревање на јавната свест. Младите научници, во присуство на своите колеги и дел од менторите, денеска во просториите на Македонското еколошко друштво ги презентираа извештаите од своите реализирани проекти.…

Новости

Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Македонија е загрозена од различни загадувачи. Загадувањето на воздухот е едно од највисоките во Европа, големата количина на отпад не се рециклира, се влошува квалитетот на водите, има прекумерна сеча на шумите, биодиверзитетот е загрозен од истребување, а климатските промени влијаат на производството на храна. Во ваквата растечка еколошка криза, јавните институции, бизнисите, граѓанските организации, медиумите и академскиот сектор треба сè повеќе да преземаат одговорност за своите постапки и…

Новости