
Што јадат мечките во Преспа?
За правилна заштита на големите ѕверови, како што се кафеавите мечки, треба детално да ја знаеме нивната екологија. Исхраната е од основно значење и таа треба добро да се утврди пред да се предложат какви било мерки за управување со видот. Новиот научен труд, објавен во Македонското списание за екологија и животна средина, ја обработува и дискутира токму оваа проблематика. Овој труд произлезе од двегодишно научно истражување, спроведено прекугранично во преспанското сливно подрачје во 2018 и…










