
Благодарение на Програмата за поддршка на млади еколози Д-р Љупчо Меловски, Македонија има 11 нови млади научници
Единаесет млади научници како дел од Програмата за поддршка на млади еколози Д-р Љупчо Меловски, успешно спроведоа 11 научно истражувачки проекти . Станува збор за проекти кои се занимаваат со истражување на биолошката разновидност, но и проекти од областа на заштита на животната средина и кревање на јавната свест. Младите научници, во присуство на своите колеги и дел од менторите, денеска во просториите на Македонското еколошко друштво ги презентираа извештаите од своите реализирани проекти.…










