Прескокни до содржината

Вести

506 објави

ГОВОРОТ НА ВОЛЦИТЕ

Волците, во минатаото, во најголем број биле населени на северната хемисфера на земјината топка и биле прилагодени на широк спектар на екосистеми. Бројот на волците денес, е значително намален во овие области поради повеќе причини –намалување на диви живеалишта (недостаток на плен за исхрана), владините политики на минатиот век (лов за истребување на волците), тековните политики за заштита од волците кои се разликуваат од држава во држава и недостаток на информираност на луѓето за волците, со…

Новости

Одржана национална работилница за одржливо управување со шумите

Македонското еколошко друштво во соработка со Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) спроведе дводневна национална работилница за одржливо управување со шумите. Националната работилница беше посетена од речиси 50 учесници кои имаа можност да ги проследат презентациите од говорниците и да ги разменат своите гледишта на темата. Директорот на регионалната канцеларија на IUCN, Оливер Аврамовски, потенцираше дека оваа работилница ја гледа како можност за зголемување на комуникацијата…

Новости

Изјава во врска со намалувањето на статусот на заштита на волкот на Бернската конвенција и Директивата за живеалиштата на ЕУ

Европската иницијатива за крупни месојади (LCIE) [1] изразува загриженост поради предлогот [2] на Европската Унија (ЕУ) за преместување на волкот ( Canis lupus ) од Прилог II на Прилог III од Бернската конвенција [3] и намерата, следствено на тоа, видот да се премести од Анекс IV на Анекс V од Директивата за живеалиштата на ЕУ. [4] LCIE не се противи на намалување на статусот на заштита кај видови (или популации). Но актуелниот предлог покренува сериозни прашања, меѓу другото, и за начелото…

Новости

Прогласување на победници за МЕД Календар 2025

Почитувани, ги објавуваме по азбучен ред победниците од Фото-конкурсот за МЕД Календар 2025! Андреј Михајлов Боби Кузманоски Велиан Јагев Гопал Били Доријан Миловановиќ Драган Арсовски Мирјана Ѓорѓиевска Славчо Христовски Тони Стојановски Бидејќи оваа година имавме неверојатен одзив на конкурсот, со повеќе од 30 учесници и повеќе од 150 испратени фотогафии, решивме да организираме изложба со најдобрите од фотографиите кои сепак не успеаа да влезат во селекцијата за 12-те месеци од МЕД…

Новости

Претставници на МЕД учествуваа на Пан-европската конференција BESTbelt 2024 во Латвија и ги презентираа напорите за одржлив развој во регионот Шара-Кораб-Коритник

28.10.2024 - Повеќе од 80 учесници од над 60 различни организации се сретнаа и разменија искуства на овогодинешната конференција, која ги обедини земјите долж Европскиот зелен појас со цел зајакнување на соработката. Голем фокус на конференцијата беше ставен на проектот BESTbelt , финансиран од ЕУ, кој обезбедува мали грантови за организации што спроведуваат проекти долж Европскиот зелен појас. МЕД учествуваше со презентација за успешни приказни за зелени работни места и одржлив развој во…

Новости

Едукативен настан: Да ја обновиме шумата за рисот

Околу стотина граѓани кои денеска беа присутни на едукативниот настан кој Македонското еколошко друштво го организираше во Градскиот парк во Скопје, слушнаа како можат самите да создадат дабови садници. Целта на овој настан беше да се доближи значењето и важноста на биокоридорите до широката јавност, која судејќи по денешната посетеност е желна да дознае и научи за вакви теми. Раководителката на проектот „Иницијатива за северни шуми: Обнова на шумите во Албанија и Северна Македонија“, Наталија…

Новости

Повик за експерт за лилјаци во рамки на проектот Преспа Нет III

ГЛАВНИ ЦЕЛИ НА КОМПОНЕНТАТА Оваа акција е насочена кон преглед на постоечкиот Трансграничен акциски план за зачувување на лилјаците и пештерите во Преспанскиот регион, кој е развиен во 2012 година, и негова надградба согласно најновите информации за статусот на лилјаците и нивните живеалишта во трансграничниот регион Преспа. ЛОКАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ - ЦЕЛЕНА ОБЛАСТ ЗА АКТИВНОСТА Активностите во рамки на оваа компонента ќе се спроведуваат на територијата на Преспа. За подетални информации кликнете…

Новости

Што по шумските пожари?

Македонското еколошко друштво како и секоја година досега, се претстави со своја презентација за време на филмскиот фестивал „Ехо“. На вториот фестивалски ден на „Ехо“, Сара Крстевска одржа презентација на тема „Што по шумските пожари?“. Таа во својата презентација раскажа како е најдобро да се обноват шумите по шумските пожари. Објасни дека при пожарите со повисок интензитет, малите цицачи и тревопасните животни немаат доволно храна, што доведува до намалување на пленот на крупните цицачи.…

Новости

Потпишан Меморандум за соработка со „Јасен“

  Претседателот на МЕД, проф. д-р Славчо Христовски и Ангеле Сотировски, кој е в.д. директор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен" потпишаа Меморандум за соработка. Со ова остваруваме поопсежна научноистражувачка работа, која на управувачите ќе им овозможи подобро управување со подрачјето. Се надеваме дека со ова ќе стекнеме поподробни сознанија за флората и фауната во Јасен.

Новости

Борбата против криминалот врз дивиот свет – тема на работилница за јавни обвинители и инспектори

Македонско еколошко друштво со поддршка од Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија организираше Работилница за борба против криминалот врз дивиот свет. Присутни беа јавни обвинители, инспектори за животна средина и ловство, полициски инспектори, како и претставници од заштитените подрачја и ловните друштва. Работилницата беше поддржана и од Академијата за судии и јавни обвинители. Експертите од Македонското еколошко друштво презентираа за криволов на диви птици и…

Новости

Заврши пописот на штркови

Македонското еколошко друштво спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Овој цензус се спроведе во рамки на 8-от Европски цензус на штркови кој што се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014 година. При истражувањето во Македонија беа вклучени над 15 членови и волонтери на МЕД, а евидентирани се вкупно 1765 гнезда на штркови (1388 активни гнезда и 377 неактивни гнезда - односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или…

Новости

Соопштение од Македонско еколошко друштво: Во Македонија недостасува центар за рехабилитација на диви животни

9.08.2024 Во Македонското еколошко друштво од граѓаните ширум државата често пристигнуваат дојави за пронајдени повредени диви животни. Нашиот тим многупати досега направил се што може за да им помогне, во рамките на нашите познавања и ресурси, иако тоа е многу поразлично од нашите редовни обврски. За жал, можеме да издвоиме ресурси само за единки кои припаѓаат на исклучително засегнати видови (со мала бројност во земјата). Во неколку наврати изминативе години МЕД и Зоолошката градина во Скопје…

Новости