
Македонското еколошко друштво го промовираше новиот сајт ptici.mk
Македонските ентузијасти и истражувачи на птици ќе имаат ново виртуелно место каде ќе можат да учат и споделуваат знаења за видовите птици. Неколку десетици граѓани, вљубеници во природата и птиците се собраа вчера во Нетавил во Скопје на промоцијата за новиот сајт за прибирање податоци за птици „ptici.mk“. На настанот, своја презентација имаше заменик-директорот на Македонското еколошко друштво, орнитологот Методија Велевски, кој раскажа за идејата и процесот на создавање на оваа платформа,…










