
Заврши квалитативното теренско истражување на проектот за одржливо искористување на природните ресурси во Западен Балкан
Тимот на МЕД спроведе 12 интервјуа (in depth interviews) со одбрани испитаници од селата во мавровскиот и шарпланинскиот регион во рамки на втората фаза на тригодишниот проект „Улогата на природните ресурси во одржливото рурално живеење во Западен Балкан. Распределба и состојба на недостатоците и придобивките”. Спроведени се шест интервјуа во мавровскиот регион и шест интервјуа во селата под Шара. Од нив осум интервјуа се на македонски јазик, а четири на албански јазик. Целта на ваквиот начин…