Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Одбележан Меѓународниот ден на мршојадците

Македонското еколошко друштво на 6 септември во соработка со ЗОО Скопје го одбележаа Меѓународниот ден на мршојадците. Едукативното предавање го предводеа Арта Старова и Искра Манојлоска, а учество земаа извидниците од Првиот Скопски Извиднички Одред. Присутните првин го посетија кафезот со белоглавите мршојадци во ЗОО Скопје, а потоа продолжија во Едукативниот центар, каде преку друштвени игри извидниците можеа да научат повеќе за овие импресивни птици. МЕД традиционално го одбележува…

Новости

Оглас за административно-технички асистент

Назив на работно место: Административен и финансиски асистент Локација: Скопје, Р. Северна Македонија Тип на договор: Договор на определено време Рок за аплицирање: 22.09.2025 година   ЦЕЛ НА РАБОТНОТО МЕСТО   Бараме aдминистративен и финансиски асистент кој/а ќе обезбедува финансиско управување, административна координација и логистичка поддршка за ефикасна имплементација на LIFE проект, во согласност со финансиските регулативи на Европската комисија, Правилникот на LIFE програмата и…

Новости

Јавен повик бр. 1/2025 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги за изработка на План за управување и Годишна програма за Паркот на природата „Езерани“

Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Преспа – зелена и сина иницијатива: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува јавен повик за и зработка на План за упр а вување и годишна програма за Паркот на природата „Езерани“ . Заинтересираните субјекти потребно е да ја достават целокупната документација по пошта…

Новости

Отворена изложба на фотографии од балканскиот рис

Македонското еколошко друштво вчера во хотел „Неда“ Галичник ја отвори изложбата на фотографии од балканскиот рис. Изложбената поставка содржи 21 фотографија од балкански рисови фотографирани во Македонија, Албанија и Косово. Пред присутните се обрати раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, Диме Меловски, кој објасни дека денес во дивината се останати уште помалку од 50 единки од овој критично загрозен вид. Многубројната публика го искористи присуството на тимот на…

Новости

Изложба на фотографии од балканскиот рис

Македонското еколошко друштво организира изложба на фотографии од таинствениот балкански рис, на 17 август во 12 часот во хотел „Неда“, Галичник. Селекцијата на фотографиите се состои од најпретставителните единки на балканскиот рис кои досега се фатени на камера во Македонија, Албанија и Косово – трите држави каде опстојува ова животно. „Галичник е во непосредна близина на живеалиштето на рисот, а во текот на летните месеци секогаш е дестинација за посета од многумина кои се заљубени во…

Новости

Вардарски острови - нов дом за малата чигра

Проектот „Вардарски Острови – Нов Дом за Малата Чигра“ има за цел реставрација на речни острови во долниот тек на реката Вардар, единственото гнездечко подрачје на малата чигра (Sternula albifrons) во Македонија. Преку контролирано отстранување на инвазивната вегетација, расчистување на отпадот и примена на природно-базирани решенија, ќе се подобрат условите за гнездење на овој загрозен вид. Проектот вклучува ангажман на најмалку 15 вработени од МЕД, 10 надворешни соработници и околу 80…

Новости

ПреспаНет на ICZEGAR 2025: Наука, соработка и градење капацитети за заштита на природата

Меѓународниот конгрес за зоогеографија и екологија на Грција и соседните региони (ICZEGAR) веќе долго време претставува форум за презентација на истражувањата поврзани со биодиверзитетот во Медитеранот, а нашата мрежа на еколошки организации ПреспаНет е горда што имаше силно присуство на 16-тиот конгрес што се одржа во Атина минатата недела (03 – 06 јули). Со седум различни презентации, нашиот тим ја истакна еколошката уникатност и предизвиците за заштита на прекуграничниот Преспански басен –…

Новости

Мурал за Светскиот ден на рисот

Со мурал од балкански рис и мала прослава, Македонското еколошко друштво денеска го прослави Светскиот ден на рисот. „Конечно најдовме дом за муралот, најдовме и артист кој го нацрта, и најдовме човек кој има визија и кој е отворен за соработка, а тоа е директорот на Театар Комедија - Дарко Спасов. Целта ни е со овој мурал да ја подигнеме јавната свест, не само на рурално туку и на урбано ниво. Кога работите ќе згуснат ни треба секаква поддршка, од секоја популација“, изјави раководителот на…

Новости

Повик за понуди за набавка на GPS уреди

Македонското еколошко друштво објавува повик за набавка на GPS уреди:   Инструкции за понудувачите   Договорен орган Договорен орган е Македонско Еколошко Друштво Скопје со адреса на Архимедова бр. 5, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2402773.   Лице за контакт кај договорниот орган е Данка Узунова, електронска адреса uzunova@mes.org.mk   Предмет на договорот за набавка Предмет на договорот е набавка на GPS уреди. Најзначајни критериуми се (i) квалитетот на понудениот…

Новости

Натпревар за фотографии од клисури

Периодот за учество на овој натпревар е од 14 мај 2025 година до 30 септември 2025 година. Какви фотографии може да учествуваат За да бидат прифатени во натпреварот фотографиите мора да прикажуваат хабитати или видови сликани во клисури во Македонија. Жири Жирито се состои од вработени на МЕД и членови на Собрание. Жирито анонимно ќе ги разгледува фотографиите кои ќе бидат пријавени. Жирито ќе одбере 12 фотографии кои ќе бидат наградени. Сите избрани фотографии ќе бидат искористени за…

Новости

Меморијален марш и фото конкурс „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“

Во чест и сеќавање на Љупчо Меловски, неговото најблиско семејство, колеги, пријатели, студенти и почитувачи се искачија на планината Китка, следејќи ги стапките на човек кој целиот свој живот ѝ го посвети на заштитата на природата. Меморијалниот марш, што традиционално се одржува веќе петта година по ред, беше организиран од Македонското еколошко друштво во соработка со П.К. „Љуботен“ – Тетово. Оваа година, маршот се одржа на 27 април, во духот на сплотеност и длабока почит кон ликот и делото…

Новости

Конференција „Bird Numbers 2025“

Конференцијата „Bird Numbers 2025“, одржана во Рига, Латвија, од 31 март до 4 април 2025 година, ги собра истражувачите на птици и експертите за зачувување на природата од Европа на темата „Синергии во мониторингот за заштита“. Главните дискусии беа фокусирани на интеграцијата на различни извори на податоци, како што се националните атласи и долгорочните истражувања, со цел проценка на популациските трендови и донесување на ефикасни стратегии за заштита на птиците гнездилки во Европа.…

Новости