Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Завршна работилница на партнерите од проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја (IPAnet)“

Претставници од сите пет земји кои беа вклучени во IPAnet проектот се состанаа во Бугарија во периодот од 29.10 до 02.11. 2012 година. Средбата беше организирана со цел презентирање на резултатите од реализираните активности во изминатите осум месеци. Проектот беше оценет како успешно спроведен што беше причина за изработка на нацрт план за негово потенцијално продолжување. Македонското еколошко друштво во склоп на овој проект реализираше вкупно 9 настани за промовирање на три значајни…

Новости

Значајните растителни подрачја во Македонија се навистина значајни!

Три значајни растителни подрачја од Македонија беа тема за изработка на промотивни материјали, кои воедно се крајниот резултат во рамките на проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја (IPAnet)“. Покрај националните изданија, изработено еи регионално издание од страна координаторот на проектот - Plantlife, во кој учествуваа пет европски земји. Повеќе информации ќе најдете на:…

Новости

Новости во проектот Осогово!

На 23 ти ноември, во Скопје беше одржан состанок на членовите на Координативното тело во рамките на проектот Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас, на кој беше презентирана предлог студијата за прогласување на заштитено подрачје на Осогово. На состанокот беа присутни преставници од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Министерството за економија на РМ, ЈП „Македонски шуми“, два концесионера,…

Новости

По Марко и Ристе, Мартин!

  Мартин е името на третиот рис, кој пред два дена (31 ви октомври) Македонското еколошко друштво го залови на планината Стогово, Кичевско. По фаќањето, рисот беше успан и детално измерен, беа земени крв и влакна за генетска анализа. По успешното поставување на ГПС околувратник, Мартин беше ослободен во природа. Мартин се фати во кафез-замка поставена во дабова шума на стрмен терен. Староста е проценета на 3 до 5 години, должината на телото му изнесува 98 сантиметри, а тежината - 24…

Новости

Уште 10 нови платфoрми за царските орли од Овче Поле!

По втор пат годинава, МЕД во соработка со МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли ( Aquila heliaca ) во Овче Поле. Овој пат платформите беа поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Штип – Пробиштип, поконкретно на потегот Чардаклија – Стрмош, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи. На вториот ден од поставувањето на платформите за гнездење присуствуваа многу локални и национални…

Новости

Популаризација на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“ на локално ниво

Македонското еколошко друштво учествуваше на настанот (црковен собир) во Св. „Пантелејмон“, с. Пантелеј – Кочани. Во атарот на манастирот беше поставен панел за Осогово, каде заинтересираните посетителите имаа можност преку непосредни разговори со претставниците од МЕД да добијат повеќе информации за вредностите на Осогово и иницијативата за воспоставување на заштитено подрачје на Осогово. Поделени беа и промотивни материјали изработени преку проектот. Настанот беше масовно посетен од локалното…

Новости

Осоговскиот регион презентиран на саем на регионите од југоисточна Европа (ЕКСПО 2012)

Претставници од Македонското еколошко друштво учествуваа на ЕКСПО 2012 – Радовиш, саем на регионите од југоисточна Европа, кој се оддржа во Радовиш, од 7-9 јули 2012 година. За време на панел форумот за „Култура, соработка и туризам во југоисточна Европа “ како дел од саемот, од страна на МЕД беа презентирани природните и културните вредности на осоговскиот регион како основа за развој на туризмот во рамки на иницијативата за воспоставување на заштитено подрачје на Осоговските Планини. Од…

Новости

Волонтерите од Битола запознаа дел од растенијата на Пелистер

Дваесетина волонтери од Битола на 23 мај учествуваа на настанот „ Колку ги познавам растенијата на Пелистер “ организиран од МЕД и Младинскиот културен центар од Битола. Целта на настанот беше преку интерактивни игри и кратко предавање за флористичкото богатство на националниот парк „Пелистер“, младите да се запознаат со дел од растенијата кои се значајни за планината Баба. Оваа активност заврши со прошетка по шумската патека од Голема Ливада до планинарскиот дом Копанки, каде учесниците имаа…

Новости

Одржан состанок по повод овогодинешните теренски истражувања за проектот за разумно користење на природните ресурси во Западен Балкан

Mакедонското еколошко друштво организираше планирачки состанок по повод овогодинешните теренски истражувања во рамки на проектот за разумно користење на природните ресурси во Западен Балкан од 07 до 11 мај во Скопје. Целта на состанокот беше јасно дефинирање на методите и техниките за теренските истражувања кои треба да се направат летово во сите четири земји каде што се спроведува проектот „Улогата на природните ресурси во одржливото рурално живеење во Западен Балкан. Распределба и состојба на…

Новости

Завршија овогодишните активности за заловување на рис на планините Јабланица, Бистра и Стогово!

Во периодот од 26 ти март до 30 ти април 2012 година, тимот од МЕД кој работи на заштита на балканскиот рис помогнати од неколку посветени волонтери, спроведе активности за заловување на рис на планините Јабланица, Бистра и Стогово. Вакви активности беа спроведени и во 2010 и 2011 година, во рамките на проектот „Статус, екологија и окупираност на територијата на критично загрозениот балкански рис во Македонија и Албанија”: Исто како претходните две години, целта на тимот беше да се заловат…

Новости

МЕД заедно со ПК „Љуботен“ на традиционално кампување на Лешница

Планинарите од планинарското друштво Љуботен од Тетово и по трет пат волонтираа во рамките на проектот за промовирање на значајните растителни подрачја во Македонија. Околу дваесетина волонтери на 3 и 4 август 2012 година, учествуваа во акцијата за маркирање и чистење на една од патеките која во иднина ќе биде промовирана како една од неколкуте флористички патеки на Шара. Настанот заврши на 5 август со пречекување на останатите планинари и вљубеници во природа на местото на кампување. Тие имаа…

Новости

Царските орли од Овче Поле добија 10 платформи за гнездење!

Во периодот 4-8 јуни, МЕД и МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли (Aquila heliaca) во Овче Поле. Платформите се поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Скопје 4 – Дуброво, поконкретно на потегот Сојаклари – Караслари, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи. По серија консултативни состаноци помеѓу членовите на тимот од проектот „Процена на заканите за птиците во две значајни…

Новости