Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Магазинот Лице в лице за проектните активности на МЕД во Осогово

На Осогово му треба шанса за поголема заштита бидејќи со години наназад природата во овој крај е под голем притисок од страна на човекот. Постои илегална сеча, криволов, незаконски риболов, а нема и соодветна контрола во однос на користењето и продажбата на печурките, лековитите растенија и другите шумски плодови. Доколку овие ресури не се користат плански во иднина ќе бидат сведени на минимум, токму затоа потребно е нивно правилно управување, вели координаторката на проекот „Формирање на…

Новости

Иницијална работилница за развивање на Акционен план за заштита на балканскиот рис на територијата на НП Маврово

МЕД во соработка со Националниот парк Маврово организираше работилница на која што се разгледа можноста за развивање на Акционен план за заштита на балканскиот рис на територијата на паркот и неговата блиска околина. На средбата на којашто присуствуваа преставници од НП Маврово и од швајцарската организација КОРА, исто така беа презентирани тековните проекти и реализираните активности во рамки на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, којашто МЕД ја спроведува седум години. Според…

Новости

Основно истражување за балканскиот рис во Црна Гора и Косово

Основното истражување беше една од главните активности во почетокот на првата фаза од програмата за закрепнување на балканскиот рис. Знаењето на локалното население не само што ни го зголеми и промени мислењето за дивиот свет во руралните области во Македонија и Албанија, туку, до одредено ниво, ни помогна во подигањето на јавната свест за ова критично загрозено животно. Со цел да бидеме доследни на податоците собрани во двете земји, оваа година го спроведовме Основното истражување и во…

Новости

МЕД како дел од Eco Green Festival во Маврово

Македонското Еколошко Друштво (МЕД) беше дел од Eco Green Festival во Маврово кој се одржа 16-18 август 2013 година. На овој настан МЕД ги презентираше своите проекти со делење на промотивни материјали, постери и книги за заштитените подрачја во Македонија, Шар Планина, Јабланица, Моноспитовско блато, кафеавата мечка и многу други. Сите посетители имаа можност да постават прашања, да се информираат за се што ги интересира и да разговараат со претставниците од друштвото. Фокусот на презентациите…

Новости

Втора обука по проектот Градење на капацитети за НВОи од Косово и Црна Гора

По успешната прва обука во Вевчани во 2012 година, во периодот од 24 до 30 јуни 2013, долината на реката Валбона на планината Проклетие во Албанија ги пречека учесниците од невладините организации од Косово и Црна Гора на втората обука за градење на капацитети за заштита на природата. Првиот дел од оваа обука имаше за цел да ги воведе учесниците во генералниот концепт на мониторинг: зошто, што, како и кој треба да врши мониторинг презентирана од професорот Урс Брајтенмосер од швајцарската…

Новости

Зголемен интерес на организациите од Осоговскиот регион за заеднички активности, во идниот Биосферен резерват!

  На 19.06.2013 година, во Хотел Гратче – Кочани, во рамките на проектот „Прекуграничен Биосферен резерват Осогово“, се одржа работилница за развивање на активности за идниот Биосферен резерват (БР), на која учествуваа 20 учесници од 11 организации од Кочани, Пробиштип и Македонска Каменица. Целта на работилницата беше невладините организации и здуженија од регионот да бидат навремено запознаени со основните функции на биосферните резервати, за да можат понатаму да се вклучат во креирањето…

Новости

Одбележување на успешно реализираните мали проекти на Шар Планина

Со учество од над 100 луѓе од полошкиот регион, на 25 мај оваа година на Попова Шапка се одржа завршниот настан на проектот „Промоција на природните вредности на Шар Планина преку едукација за животната средина и инволвирање на засегнатите страни”. Проектот беше спроведен од страна на МЕД како национален координатор и ЦРУЈЖ како локален партнер, со меѓународна соработка на нашиот долгогодишен партнер од Германија Еуронатур, а финансиски поддржан од германската фондација ДБУ. Официјалниот дел од…

Новости

Извештај за состојбата со птиците во Македонија

Во рамките на проектот „Состојбата со птиците во светот“, кој е координиран од BirdLife International и со финансиска поддршка на Фондацијата „ Aage V. Jensen Charity Foundation “ се изработи и објави публикацијата „Состојба со птиците во Македонија“ . Целта на оваа публикација е да даде осврт на богатството со видови, бројноста, загрозеноста и заштитата на птиците во Македонија.

Новости

Започнаа истражувања со методот на камера-замки на Осоговските Планини!

Годинава, активностите во рамките на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“, се насочени главно кон аплицирањето за номинација на Осогово како Биосферен Резерват. Покрај овие, во април започнаа активности за мониторингот на целни видови (крупни цицачи) со методот на поставување фото-замки. Во периодот 19-20 април, беше одржана работилница во Крива Паланка, водена од експерт за мониторинг на крупни цицачи (Програма за закрепнување на балканскиот рис), на која претставници од…

Новости

Работилница: „Состојба на птиците во Македонија“

Во рамките на подготвувањето на студијата и изданието „Состојбата на птиците во Македонија“, финансирано од страна на BirdLife International како дел од програмта „Состојба со птиците во Светот“, на 12.04.2013 ќе се одржи работилница на која засегнатите страни, донесувачи на одлуки и научници ќе придонесат со нивни информации и предлози кон подобрување на изданието. Извештајот има за цел да ја илустрира состојбата со фауната на птиците во Македонија. Соодветно на тоа, извештајот ќе содржи голем…

Новости

Сесија на фото – замки, Маврово 2013 година

Тимот за заштита на балканскиот рис од МЕД во соработка со вработените од ЈУ НП Маврово, ја започна третата систематска сесија на фото замки во Националниот парк „Маврово“. Сесијата започна на 9 март и ќе трае точно 60 дена. Добиените резултати ќе овозможат да се одреди големината на популацијата на рисови во засега единственото подрачје во Македонија каде е потврдена репродукција на рисот и кое за жал претставува засега единствен познат извор на популацијата. Овие резултати понатаму ќе…

Новости

Одржана работилница за улогата на фармерите и шумарите во заштитата на балканскиот рис во идните заштитени подрачја!

  Оваа работилница претставува една од последните активности што МЕД ги реализира во рамките на втората фаза од проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис ” , кој има за цел заштита и зачувување на автохтоната популација на балканскиот рис во Република Македонија. Работилницата беше организирана во Демир Хисар на 20 ти ноември 2012 година каде најважни слушатели беа претставниците од шумарскиот сектор и индивидуалните сточари и одгледувачи на овци и добиток од регионот на…

Новости