Во подножјето на Осогово – и лично и различно, во селото на штрковите!
Неделата, на 22 јуни 2014 година, во селото на штрковите Чешиново, се одржа уште еден настан за промоција на осоговскиот регион. Ова е продолжение на настанот за промоција на Осогово, кој се одржа на Пониква, минатата година. Овој пат, имаше две велосипедски тури, од Пробиштип и Кочани, кои се сретнаа во селото Рајчани, од каде продолжија до собирот во Чешиново. Во селото на штрковите, под најголемото гнездо на штрк во Македонија, имаше околу 150 луѓе од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип,…