Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Волонтерите и соработници на МЕД се сретнаа во Преспа да го одбележат Европскиот ден за набљудување на птици

МЕД организираше настан на кој се сретнаа волонтерите и соработници од втори до четврти октомври во Преспа по повод Европскиот ден за набљудување птици заедно со уште 41 земја од Европа и Централна Азија. Македонските набљудувачи на птици се придружија на над 24.000 луѓе кои го прославија почетокот на есенската миграција и придонесоа кон неверојатниот број од над 4 милиони набљудувани птици. Овој настан е можност да се сподели пораката за потребата од безбедни прелетни патишта за птиците…

Новости

Пријателите на Шара во посета на националниот парк „Шварцвалд“ во Германија

„Пријателите на Шара“ од 08-11 октомври го посетија новопрогласениот Национален парк „Шварцвалд“ во Германија. Целта на посетата беше групата да се запознае со предизвиците и менаџирањето на едно заштитено подрачје како што е Шварцвалд. Посетата на паркот беше организирана од Еуронатур, Македонско еколошко друштво како и Пријателите на Шварцвалд, здружение формирано во 2011 година со цел промоција и лобирање за идно прогласување на „Шварцвалд“ за национален парк. - Германија има многу малку…

Новости

Четврти октомври - Светски ден за заштита на животните

По повод четврти октомври, Светскиот ден за заштита на животните, Македонското еколошко друштво во соработка со спелеолошкото истражувачко друштво Урсус Спелеос ( www.ursusspeleos.com.mk ), одржаа едукативни предавања во Зоолошката градина – Скопје. Посетителите имаа можност да се запознаат со значењето на пештерите во Македонија, нивните најинтересни жители – лилјаците и со крупните месојадни животни во нашата држава. Дечињата ја пробаат на себе и опремата која ја користат спелеолозите кога ги…

Новости

Публикација за природните вредности на сливот на реката Дрим

Во рамки на проектот Act4Drin, во кој Македонско еколошко друштво го спроведува проектот “ Вода за езерата, блатата, изворите и луѓето на планината Јабланица”, oбјавена е нова публикација преведена на 5 јазици за природните вредности на сливот на реката Дрим, кој е еден од најважните “hot spots” на биолошката разновидонoст во Европа. Публикацијата има за цел да ја подигне свеста на луѓето за природното богатство на овој слив преку превземање на индивидуални или заеднички активности за…

Новости

Промовирана платформата „Пријателите на Шара“

На 26ти септември во Тетово се одржа промотивен настан за новоформираната платформа „Пријателите на Шара“ со настап на две музички групи од Тетово. Оваа неформална платформа е составена од здруженијата „Институтот за развој на заедницата“ од Тетово, „Планинарскиот клуб Љуботен“ од Тетово и „Центарот за едукација и развој“ од Теарце со цел поддршка на процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк. „Со организациите коишто се нарекоа „Пријателите на Шара“ се обединивме во мисијата…

Новости

Спроведени кампови за следење на миграција на птиците на Дојранско езеро и на Илинска Планина

Во периодот од 24-27 август и 10-13 септември годинава се одржаа два кампа за следење на миграција на птиците на Св. Илија, Илинска Планина и над Ачикот на Дојранско езеро, соодветно. На кампот учествуваа волонтери на МЕД чија задача беше непрекинато да набљудуваат птици кои мигрираат назад кон своите зимски престојувалишта. Од двата кампа беа забележани неколку случаи на миграција на птиците, но без поголем интензитет и бројност. Оваа активност, годинава беше вклучена како активност во склоп…

Новости

Завршен настан на проектот „Заштита и промоција на Блатниот даб - Слоештица“

Во склоп на Програмата за мали грантови која се спроведува како дел од Програмата за закрепнување на балканскиот рис, беше одржан завршен настан на краткорочниот проект “Заштита и промоција на Блатниот даб - Слоештица”. Проектот го спроведе Основното училиште “Гоце Делчев” од Демир Хисар и имаше за цел едукација на учениците од основното училиште за заштита на растителниот вид и негово зачувување. На завршниот настан присуствуваа претставници од Општина Демир Хисар, јавни претпријатија и…

Новости

БООМ Македонија

Во периодот од 7ми-15ти август 2015 година се одржа Балканска одонатолошка средба (Balkan Odonatological Meeting – BOOM 2015) во Македонија. Околу 20 учесници од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Холандија, Германија и Mакедонија беа дел од тимот. Ова е петта средба од ваков тип, во рамки на која се спроведуваат теренски истражувања, предавања и работилници за вилинските коњчиња. Затоа BOOM претставува можност за стекнување знаења и размена на искуства за вилинските коњчиња, што е важно…

Новости

Заврши пописот на гнезда на штркови во Македонија - имаме 817 гнезда

Пописот се состоеше од броење на гнезда и младите во нив. Сега се знае дека во Македонија има точно 817 гнезда на штркови и во нив има 2027 млади и 1634 возрасни. Во оваа голема акција се вклучија волонтери и локално население од над 1000 села во Македонија. Попис од ваков вид последен пат е спроведен во 1958 година од научникот Р.Јоветич. Тогаш во Македонија имало вкупно 1132 активни гнезда (315 гнезда повеќе од 2015 год.), во нив имало вкупно 3576 млади (1549 млади повеќе од 2015 год.) и за…

Новости

Годишна повеќедневна истражувачка акција

Од 8 до 22 јули 2015 година се одржа 21та повеќедневна акција на Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ). Малешевските планини беа цел на овогодинешната акција на ИДСБ која беше потпомогната од страна на МЕД. Членови на МЕД имаа за задача да водат дел од секциите на ИДСБ, а со тоа да ги обучат младите биолози во методиките на работа и техниките на идентификација на видови. На пример, мамолошката секција имаше шанса да научи нешто повеќе околу методот на заловување на ситни цицачи,…

Новости

Цензус на пеликани

Третиот по ред Цензус на пеликани се одржа на 16 мај 2015 година, на водни површини на 41 локација долж цела Грција. Целта на цензусот беше да се евидентира вкупниот број на пеликани кои ги користат водните површини во земјата за време на периодот на разможување. Цензусот е иницијатива на Друштвото за заштита на Преспа (СПП) и Грчкото Орнитолошко Друштво и беше успешно спроведен благодарение на управувачките тела на 12 заштитени подрачја. Цензусот на Преспанското Езеро кое го делат трите…

Новости

Камп за следење на миграција на птици

По четврт пат МЕД организира камп за следење на миграција на птици. Камповите ќе се одржат од средината на август до почетокот на септември на Илинска Планина и Дојран. Кампот ќе се организира во три наврати и ќе трае 4 дена. Откако, ќе ги прочитате деталите подолу ПРИЈАВЕТЕ СЕ! *ПРОМЕНЕТ Е ДАТУМОТ ЗА КАМПТ ВО ДОЈРАН! (10-13 СЕПТЕМВРИ 2015)

Новости