Продолжуваме со активностите на Осогово!
Од 22 до 24 јануари 2016 година во Кочани се одржа првата средба на Македонско еколошко друштво и партнерските организации Бугарската фондација за биоразнообразие (BBF) и Еуронатур од Германија по повод отпочнувањето на новиот прекуграничен проект насловен „П о ддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговските Планини“. Проектот кој ќе се спроведува до март 2018 година, предвидува поддршка за одржливо шумарство на Осогово, подобрување на познавањето на крупните цицачи на Осогово…