Прескокни до содржината

Вести

506 објави

МАЛИ ГРАНТОВИ „д-р Љупчо Меловски“

Македонско еколошко друштво со огромно задоволство го објавува повикот за мали грантови за млади еколози во чест на д-р Љупчо Меловски, долгогодишен претседател на МЕД и голем поддржувач на свежата еколошка мисла во Македонија. Доколку си на возраст до 26 години и имаш желба да водиш истражувачки активности кои ќе придонесат кон подигнување на знаењата за биодиверзитетот и заштитата на животната средина во Македонија те повикуваме да аплицираш на овој повик за мали грантови н ајдоцна до…

Новости

Близу Велес, пронајден усмртен царски орел од струен удар

Во неделата (15 декември 2019 година) нашите соработници од Фондот за дива флора и фауна (ФДФФ) од Бугарија пронајдоа усмртен царски орел од струен удар, на потегот на селата Иванковци – Мамутчево близу Велес. Царскиот орел бил опремен со GPS локатор од страна на колегите од ФДФФ ( http://www.fwff.org/ ) во јули годинава, кога птицата влетала во кафезот за размножување на црни мршојадци во Паркот на природа Врачански Балкан во Бугарија. Според податоците од трансмитерот орелот изминативе месеци…

Новости

Одржан третиот национален состанок со работната група за борба против труење на диви животни

Мак едонското еколошко друштво во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на 19.11.2019 во Скопје го организираше третиот национален состанок со работната група за борба против труење на диви животни. Целта на состанокот беше усвојување на националниот акциски план за справување со инциденти поврзани со труење на диви животни во согласност со националната легислатива, и вклучување на надлежните институции. За време на состанокот се презентираа досегашните активности…

Новости

Студиско патување во биосферниот резерват Рон во Германија

Од 21 до 25 октомври 2019 година Македонско еколошко друштво заедно со локални невладини организации од Шар Планина, претставници на локално население и други јавни институции учествуваше на студиска посета во биосферниот резерват Рон, во покраината Хесен во Германија. Целта на посетата беше да се посетат добри пракси во заштитеното подрачје и тоа од аспект на сточарство, туризам и заштита на природа. Посетени беа сточари, пчелари, администрацијата на заштитеното подрачје и дирекцијата за шуми,…

Новости

Белоглавите мршојадци кои беа најдени изнемоштени во Берово се повторно на слобода

На 30 октомври, на хранилиштето за мршојадци на Витачево управувано од здружението „Аквила“ во близина на Кавадарци успешно беа пуштени во природа двата млади белоглави мршојадци кои од глад и изнемоштеност беа пронајдени паднати во Берово пред неколку недели. Акцијата за нивно ослободување беше организирана од МЕД во соработка со здружението „ Аквила“ од Кавадарци и низа државни институции. Птиците се маркирани, опремени со GPS предаватели и безбедно се вратени во природа. Ова е среќен расплет…

Новости

Партнерски состанок за балканскиот рис во Пеќ, Косово

На почетокот на октомври оваа година во Пеќ, Косово, се одржа иницијалниот состанок за започнување на петтата фаза од Програмата за закрепнување на балканскиот рис. На состанокот присуствуваа партнери од МЕД, ППНЕА, Албанија, КОРА, Швајцарија, Еуронатур, Германија и домаќините од невладината ЕРА. Партнерите дискутираа за тоа што е направено во последните три месеци и каде треба да се обрати повеќе внимание за да се завршат планираните активности. МЕД во оваа фаза од проектот ќе продолжи со…

Новости

Едукативен камп за истражување на биолошката разновидност на Пелистер

Oд осми до 13 ти јули, МЕД во ко-организација со Истражувачкото друштво на студенти биолози и ПреспаНет донесе студенти-волонтери од трите држави низ кои се простира преспанскиот басен, со една цел да се спроведат биолошки и еколошки истражувања во регионот, еколошка едукација и подигнување на јавната свест на прекугранично ниво. За време на интензивните теренски активности истраживме кои живи организми ја населуваат планината и каде, успеавме да го пренесеме ова знаење на повеќе од триесет…

Новости

Заврши и втората сезона на мониторинг на египетски мршојадци

Македонското еколошко друштво реализираше уште една сезона на мониторинг за определување на гнездовиот успех во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“. После пет и пол месеци интензивен мониторинг резултатите пристигнаа и можеме да кажеме дека популацијата оваа година остана стабилна. Годинава успеавме да изброиме 14 активни територии на египетски мршојадци од кои 13 се со парови и една територија со поединечна птица. Успешните парови продуцираа 11 пролетани млади. МЕД е…

Новости

Во Скопје одбележан меѓународниот ден на мршојадците

На 7 септември во Зоолошката градина во Скопје, Македонското еколошко друштво во соработка со Истражувачкото друштво на студенти биолози организираше настан по повод меѓународниот ден за запознавање со мршојадците во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“. Настанот беше од едукативен карактер а посетителите на Зоолошката градина имаа прилика преку низа активности подобро да се запознаат со европските мршојадци. На настанот имаше активности наменети за сите возрасти a најголем…

Новости

ДАБ – дрво на старите Словени

Дабот, едно од најважните и најценетите дрвја во многу шуми и други екосистеми, е симбол на отпорност и цврстина. Квалитетот на дабовото дрво и неговата цврстина најдобро го илустрира фактот дека столбовите на кои стои Венеција се изградени токму од дабово дрво. Дабот обично живее околу 200 години, но некои дабови дрвја можат да досегнат старост и до 1000 години. Дабот учествува со околу 30% од шумската вегетација во нашата земја. Дабовите шуми се дом и засолниште за голем број на животни, но и…

Новости

Започнува процес на идентификација на шуми со високи природни вредности

Првата работилницата за презентирање на концептот за идентификација на шумите со високи природни вредности и дискутирање на предлог-критериумите за нивна идентификација (одржана на 28 мај 2019 год.) и втората работилница за потврдување на критериумите (одржана на 11 јуни 2019 год.), на која и практично беше тестиран формуларот за теренски истражувања претставуваат добра подготовка за експертскиот тим за спроведување на истражувања за идентификација на овие значајни шуми на територијата на…

Новости

Студиско патување за размена на искуства за заштитени подрачја

Во рамките на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation-SDC), како дел од активностите за остварување на една од целите на Програмата за воспоставување на заштитени подрачја во сливот на река Брегалница, односно воспоставување на заштитено подрачје „Осоговски Планини“, Македонско еколошко друштво (МЕД), партнер на Програмата и одговорен за спроведување на активностите…

Новости