Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Див костен, коњски костен (Aesculus hippocastanum)

Дивиот костен е впечатливо и прекрасно листопадно дрво. Обично достигнува височина од околу 12 метри и широчина на крошната од околу 8 метри. Иако е брзорастечко дрво, за да ја постигне крајната височина и големина сепак му се потребни 20 до 50 години. Името коњски костен доаѓа од латинското име Aesculus hippocastanum , односно префиксот „ hippo -“ значи коњ, па оттука и името. Причина зошто ова дрво го носи името на коњот e поради лузната која листот ја остава на гранката кога ќе падне, која…

Новости

Црвена листа на Македонија - Што има во неа?

Дали сте слушнале за балканскиот мрморец? Triturus karelinii by: B. Naumov Балканскиот мрморец ( Triturus karelinii ) живее во барички во планински шумски живеалишта (широколисни и зимзелени) и нивната околина, шумски степи, па дури и вистински планински степски подрачја. Активен е од средината на март до почетокот на октомври. Почнува со репродукција кон крајот на пролетта или почетокот на летото. Размножувањето се одвива во базени од потоци кои бавно течат, езерца и понекогаш во канали за…

Новости

По Нарциса и Лиса ви ја претставуваме Атиџе - третата женка рис што ја следиме со GPS-околувратник

Среда е ден на рисот, па ви објавуваме уште една убава вест! Македонското еколошко друштво означи нова единка од балканскиот рис близу селото Ничпур, во НП „Маврово“. Се работи за здрава женка тешка 14,5 kg, а стара околу 10 години. Рисицата се вика Атиџе. Како и сите рисови досега, и таа носи околувратник и ни испраќа локации за своето движење. Утврдивме плен и сега сме сигурни дека Атиџе е добро и успешно се справува со сите предизвици. А што им е заедничко на Атиџе и Марко, нашиот прв рис?…

Новости

Младите од шест региони во земјава ќе учат како да станат екоактивисти - нов проект на МЕД и ИКС

Шест граѓански организации заедно со средношколци од шест региони во земјава ќе иницираат решавање локални проблеми за заштита на животната средина. Македонското еколошко друштво (МЕД) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) во следните две години ќе ги обучуваат екоактивистите и учениците од Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа како во нивниот регион да претстават одреден проблем и да го покренат прашањето, а притоа во решавањето да ги вклучат граѓаните и институциите.…

Новости

Лилјаците на Македонија

Лилјаците во Македонија Лилјаците се единствените цицачи кои имаат способност за активно летање и кои користат посебен систем за ориентација во просторот преку емитување звуци со висока фрекфенција (ултразвуци), наречен ехолокација. Медитерански потковичар Во Македонија се присутни 30 различни видови лилјаци, кои се со распон на крилјата до 45 см и тежина од 4 до 45 грама. Нив ги има насекаде (дури и во урбаните средини!), но најголеми популации и најголем број видови лилјаци се регистрирани во…

Новости

Еден ден на теренско истражување со Македонско еколошко друштво

Текстот е преземен од блогот на Алине Сантос со нејзина дозвола. Пристигнав во Република Северна Македонија на почетокот на мај 2019 година за да работам како стажант на Земјоделскиот факултет. Требаше да останам во Скопје само два месеца. Останав четири. Eгипетски мршојадец автор: dr.-raju-kasambe Покрај мојата главна задача, планирав да најдам волонтерска работа на некој проект за зачувување на природата. Сакав да бидам постојано зафатена, да се поврзам со локалното население и, како некој со…

Новости

10 години од следењето на првиот балкански рис со GPS околувратник

На денешен ден пред точно десет години го заловивме првиот балкански рис за научни цели. Се викаше Марко. Тој беше пионер во телеметриските истражувања во југозападен Балкан и икона во оваа програма за зачувување. Луѓето го познаваа, додека пак децата го спомнуваа во училиштата. За него беа направени документарни филмови, а се најде и во многу популарни статии, летоци, брошури и постери. Никогаш нема да го заборавиме тој ден. Тимот составен од претставници на МЕД, Друштвото за заштита на…

Новости

Програма за поддршка на млади еколози д-р Љупчо Меловски - одобрени проекти

Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме одобрените проекти при „Програмата за поддршка на млади еколози д-р Љупчо Меловски”. На повикот добивме 19 апликации со висок квалитет. Вкупниот буџет (600.000,00 денари) дозволи финансирање на 11 проекти. Сите одобрени проекти, со исклучок на еден, се занимаваат со проучување на биодиверзитетот а апликантите беа на возраст до 26 години. Четири проекти ќе ја проучуваат терестричната екологија, два хидробиологијата, еден проект е на тема…

Новости

Уште една женка рис во НП „Маврово“

Запознајте ја Лиса, новата женка рис за годинава што ќе носи околувратник! На 24 февруари 2020 година рисаџиите од Македонското еколошко друштво (МЕД), заедно со претставници од Националниот парк „Маврово“, успешно заловија уште една единка од таинствениот балкански рис на планината Бистра спроти с. Ростуше, мавровско, користејќи кафез-замка. Успивањето на животното и земањето на неопходните биометриски податоци и примероци поминаа во најдобар ред, а притоа асистираше и претставник од…

Новости

Работилница во рамки на проектот „Зачувување на ендемичните растенија во Македонија“

На 25 февруари во Домот на културата во Богданци беше одржана информативна средба за пошироката јавност во општината Богданци за значењето и важноста од зачувувањето на растението меурест козинец Astragalus physocalyx кое се сретнува само во околината на Богданци. Оваа средба беше дел од проектот „Зачувување на ендемичните растенија во Македонија“, кој го спроведува МЕД со финансиска поддршка на Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF). Средбата ја организираше локалниот партнер на МЕД,…

Новости

МЕД подготви петгодишен стратешки план 2020-2024

Од 23-24 јануари во Гевгелија, вкупно 25 претатсвници на различни нивоа на структурите на МЕД учествуваа во развој најновиот Стратешки план на МЕД, планиран да се спроведува пет години и тоа од годинава па се до 2024 година. Работилницата ја водеа модераторите од BirdLife International, Ленке Балинт, раководител на одделот за партнерства, развој и заедници, и Марија Јурчевич, помошник за развој на балканското партнерство на BirdLife International. Учесниците дадоа свој придонес кон развивање на…

Новости

Заловена нова единка рис во месноста Буковиќ

Имаме нов рис! На 12 февруари 2020 година тимот рисаџии од Македонското еколошко друштво (МЕД) со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ, близу Стража. Во постапката за успивање и земање биометриски податоци и примероци од влакна и крв помагаа претставник од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и ловџиите од ловното друштво „Сокол-З“ од с. Зајас. По извршената постапка се утврди дека единката е здрава женка, веројатно на возраст од 2–3…

Новости