Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Натпревар на фотографии: Витални пасишта во прекуграничниот регион Шар-Кораб-Коритник-Маврово

Натпреварот на фотографии „Виталните пасишта на Шар Планина и Маврово“ се организира во рамките на проектот „Европски Зелен Појас: Витални пасишта во прекуграничниот регион Шар-Кораб-Коритник-Маврово“, финансиран од Фондацијата „Арге В. Јенсен“ и Фондацијата „Нандо и Елса Перети“ и имплементиран од Македонското еколошко друштво (МЕД), Организацијата за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА) , Фондацијата за поврзување на природните вредности и луѓето (ЦНВП) и „ЕуроНатур“…

Новости

Јавен повик бр. 01/2026 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала

ИЗВЕСТУВАЊЕ Ја известуваме јавноста по однос на Јавниот повик бр. 1/2026 дека согласно извештајот од состанокот на комисијата одржан на 12.05.2026, се донесе Одлука за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка бидејќи не е поднесена ниту една понуда во предвидениот рок. ******** Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Намалување на ризикот од смртност кај глобално загрозените птици преку реновирање на опасните надземни далекуводи во…

Новости

Македонското еколошко друштво – дел од нов меѓународен LIFE проект за борба против криволовот на загрозени диви видови

Во следните пет години, Македонското еколошко друштво ќе биде дел од меѓународниот партнерски проект „Итни акции за спречување и борба против криволовот на три видови во критична опасност од исчезнување во Италија“ (LIFE24-NAT-IT-FIGHT4WILDLIFE/101216050) преку кој ќе се работи на намалување на заканите со кои сега се соочуваат европската јагула, египетскиот мршојадец и апенинската кафеава мечка. Кофинансиран во рамките на програмата LIFE на Европската Унија, овој партнерски проект вклучува…

Новости

Граѓанската наука – неопходна за заштитата и зачувувањето на птиците низ Европа

Граѓанската наука претставува активно вклучување на волонтери во собирањето на научни податоци и во подобрување на знаењето за која било тема поврзана со животната средина или за кој било растителен или животински вид. Како таква, таа игра фундаментална улога и во заштитата и зачувувањето на птиците низ цела Европа и е централна за проектот „Зајакнување на Европскиот портал за птици“ (101104367 – LIFE22-PLP-ES-EBP reinforcement), којшто Македонското еколошко друштво (МЕД) го спроведува со…

Новости

Еколошката наука во Македонија стана побогата за 13 нови истражувања на млади еколози

Од година в година, преку својата Програма за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“, Македонското еколошко друштво ги гради истражувачките капацитети на младите еколози во земјава 9 март 2026 година, Скопје – Во изминатите две недели, тринаесет млади истражувачи ги претставија заклучоците од своите научно-истражувачки проекти коишто беа поддржани со мал и среден грант во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво. Станува…

Новости

Македонското еколошко друштво започнува нов LIFE проект за обнова на популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија

Во текот на следните шест години, Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе го спроведува новиот меѓународен проект LIFE24-NAT-NL-LIFE Balkan GriffON/101215506 во рамки на програмата LIFE, чијашто цел е да се зголеми популацијата на белоглавиот мршојадец на македонска и грчка територија и со тоа да се придонесе кон зајакнување на целокупната популација на овој вид на Балканскиот Полуостров. Кофинансиран од Европската Унија, овој партнерски проект, покрај МЕД, ги поврзува Грчкото орнитолошко…

Новости

„Безбедни жици за загрозени птици“: ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво со нов меѓународен проект за заштита на глобално загрозените видови птици

ЕВН Македонија во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД), Електроразпределие Југ (дел од ЕВН групацијата во Бугарија), Бугарското друштво за заштита на птиците (BSPB) и Турското друштво за природа (DOGA), го разви меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“ (Проект 101216021 — LIFE24-NAT-BG-EP for Birds LIFE) во рамките на програмата LIFE на ЕУ. Целта на проектот е да се поддржи зачувувањето на глобално загрозените видови на Царскиот орел ( Aquila heliaca , класифициран…

Новости

Заврши зимскиот цензус на водните птици во земјава: Дојранско Езеро со стабилни бројки, а на Преспанско и Охридско бележиме флуктуации

Над 35 300 единки од 44 различни видови на водни птици беа попишани за време на зимското пребројување на птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво кај нас се случува секој јануари од 2010 година наваму како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици. „Споредено со податоците од претходните пет години, популациите на птици на Дојранското Езеро, иако мали, се стабилни. На Преспанското Езеро се бележат флуктуации, додека промените на…

Новости

Природата се чува преку почитување на законите

Инцидентот со неовластеното користење на ратраци, за што викендов известија од Националниот парк „Шар Планина“, не претставува само кршење на важечката регулатива за движење со моторни возила во заштитеното подрачје, туку и загрозување на природните вредности и дивиот свет што живее во овој - инаку најмлад - национален парк во земјата. Користењето на моторни возила низ недопрените предели и неуредени падини, односно низ заштитени зони кои не се предвидени за тоа, претставува огромно…

Новости

Документарен филм „Едно езеро, три држави, ист проблем: има ли уште време за Преспа?“

Македонскиот информативен портал Рацин.мк сними краток документарен филм за состојбата со заштитата на природата и животната средина во прекуграничниот Преспански регион. Документарниот филм „Едно езеро, три држави, ист проблем: има ли уште време за Преспа?“ се осврнува и на работата на нашата мрежа на еколошки невладини организации „ПреспаНет“, во која Македонското еколошко друштво членува заедно со нашите партнери од Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување…

Новости

Среќна Нова 2026 година!

Заеднички ставаме печат на уште еден круг околу сонцето - уште една година исполнета со многу работа, труд и предизвици, но исто така успеси и моменти кои продолжуваат да нѐ мотивираат, водени од една благородна мисија: зачувување на природата. Им благодариме на сите наши членови, партнери, пријатели, соработници, поддржувачи и драги сограѓани со кои го споделуваме убедувањето дека заштитата на природата и одржливото управување со природните ресурси се неизбежни потреби на човештвото. Тие треба…

Новости

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Јавен повик бр. 3/2025

Ја известуваме јавноста за избор на најповолен понудувач по однос на Јавниот повик бр. 3/2025 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала, објавен од Македонското еколошко друштво на 19.11.2025 година. Согласно извештајот од состанокот на комисијата за евалуација на понуди одржан на 25.12.2025 година, како најповолна понуда по однос на Јавниот повик бр. 3/2025 се избира понудата поднесена од ДПТУ АутомобилеСК ДОО…

Новости