Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Осоговските Планини се прогласени за заштитен предел

Дел од Осоговските Планини се прогласени за заштитено подрачје во категоријата „заштитен предел“ со одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 17.11.2020 година. Осоговските Планини да станат првиот заштитен предел (заштитено подрачје од категорија V) претставува круна на 14 годишната работа на Македонско еколошко друштво, со поддршка на низа партнери и донатори, домашни и странски експерти како и соработката со Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија и…

Новости

Екосистемско истражување на шумски тресетишта во срцето на Шар Планина - Тренчева Марија

Кои видови растенија живеат и што им се случува откако ќе изумрат во планинските тресетишта? Како тие дишат или пак се хранат кога во влажните станишта вода има многу, а кислород малку? Дали можеби почвата и нејзините својства се специфични, па тоа е олеснително за некои видови растенија? Или можеби тајните се кријат во невидливото, неочигледното – микроорганизмите? Основата на одговорите на сите овие прашања и многу други се интеракциите во еден екосистем. А токму интеракциите се во центарот…

Новости

Фламинга на Преспанско и Царски орли во Овчеполско

Со почетокот на есента завршија многубројни истражувања на птици кои се одвиваа во рамките на проектот за Јадранските прелетни патишта и „Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички партнерски акции на ПреспаHет“. Како што кажува и самото име нa проектот - „Јадрански прелетни патишта“ ова е повеќегодишен проект кој истражува какви закани има за птиците преселници кои мигрираат преку јадранските прелетни патишта и како може овие закани да се отстранат или намалат. Оваа година бевме…

Новости

Балкан Детокс LIFE: Нов проект за спречување на нелегалното труење на дивите животни низ балканските земји

Започнувањето на проектот финансиран од ЕУ има за цел да ја подигне свесноста и да ги зајакне националните капацитети за борбата против труење на диви животни на Балканот, што е една од најголемите причини за смртност и пад на популациите за бројни загрозени диви видови. И покрај тоа што труењето на диви животни е нелегално на Балканот, оваа штетна практика е сè уште присутна и претставува вистинска закана за дивиот свет, особено за мршојадците. Труењето влијае и врз животната средина и јавното…

Новости

Tврдокрилците од Јабланица, нови податоци од Срна Мајсторовиќ

Секоја наша теренска активност е дочекана со големо нетрпение да се отиде на терен во потрага по омилените инсекти. Сапроксилните тврдокрилци беа прилично активни овој период и ги полнеа нашите ентомолошки замки. Со најголемо задоволство и радост споделуваме дека успеавме да ја најдеме ретката Osmoderma eremita , европски ендемит со приоритетен статус за заштита . Истовремено им се радувавме и на пронајдените Herophila tristis , Dorcus parallelipipedus , Morimus asper , Cerambyx cerdo ,…

Новости

Хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули”- Сара Цветаноска

Флора на Македонија Oд почеток на месец мај започна реализирање на проектот ,,Утврдување на хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули” и проценка на конзерваторскиот статус”. Во рамките на овој проект до крај на месец јули со теренски истражувања е покриена целата територија на Споменикот на природа ,,Маркови Кули”. При овие истражувања правени се вегетациски снимки при што е направен комплетен флористички попис и колекциониран е растителен материјал. Технички обработен и…

Новости

Заштитените подрачја им помагаат на водните птиците да ги преживеат климатските промени

Климатските промени ги туркаат животните кон север, но проширувањето на нивната распространетоста не е едноставно поради човечки фактори како деградација на хабитати и прекумерна експлоатација на природни ресурси. Ново истражување ја согледува улогата на заштитените подрачја во менувањето на распространетоста на водните птици кои презимуваат во Европа и Северна Африка. Заедниците на птици побрзо се шират во заштитени подрачја отколку надвор од нив: „Поместувањето на распространетоста на водните…

Новости

Tура за љубители на природата – заврши јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк

Во соработка со планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово и Центарот за едукација и развој на 12 октомври 2020 година организиравме еднодневна оф роуд тура за фотографирање на убавините на Шар Планина на која учествуваа љубители на природата и фотографи. Учесниците уживаа во прекрасните предели на Шара од локалитетот „Бугарски колиби“ во јужниот дел на планината со прекрасниот поглед кон врвот Враца долж пределот Шарски Води се до Попова Шапка. Во план беше пешачење и до Црно Езеро, но поради…

Новости

ДИјатомеи во ВАлоризација на водни и влажни станишта на Кожуф (ДИВАК) II - Анастасија Видеска

Како што теренските истражувања се приближуваа кон крајот, така се повеќе се задлабочувавме во убавините кои ги нуди Кожуф. Предводени од желба и амбиција за научно- истражувачка работа одлучивме да ги истражиме добро скриените и неупадливите водни и влажни станишта на планината. За лабораториска анализа беа подготвени трајни препарати за кои престои микроскопска идентификација. Во овие анализи се очекува да се регистрираат интересни, ретки и нови видови на дијатомеи за Македонија. Несомнено…

Новости

Разновидност и дистрибуција на краткокрилците на Шар Планина II - Алексеј Ановски

Во текот на месец Јули, Август и Септември нашиот тим реализираше повеќе од 15 теренски активности. Од посебна важност беше посетата на локалитетите Црно Езеро и Рудока. Успеавме да колекционираме нови материјали од родот Lathrobium sp .(Рудока) кој најверојатно претставува нов вид за науката. Исто така, во два наврати беше колекциониран материјал на локалитетот Лешница поради тоа што има индикации дека нашиот тим (23.08.2020) има откриено два нови видови за науката ( Pygoxyon sp . и Dicentrius…

Новости

Одржани рурални форуми во рамки на кампањата за прогласување на Шар Планина за национален парк

На 28 и 29 септември претставници од Македонско еколошко друштво учествуваа на рурални форуми во Тетово, Теарце и Врапчиште организирани во рамки на кампањата за прогласување на Шар Планина за национален парк. Имено Центарот за едукација и развој од Теарце во соработка со другите организации од платформата „Пријатели на Шара“ ги организираше овие средби со цел информирање на присутните за природните вредности на Шар Планина, можностите и бенефитите за сточарство и земјоделство во заштитено…

Новости

Годинава 9 египетски мршојадци се испилија во Македонија и заминаа за Африка

На вкупно 14 територии со 13 активни пара на египетски мршојадци оваа година се испилија и пролетаа 9 млади. Тие месецов се впуштија во миграција долга 5000 километри, ќе летаат скоро цел месец и секојдневно ќе поминуваат околу 500км со брзина од дури 80км на час. За ваквиот подвиг се подготвуваат од денот на снесување т.е. помалку од 5 месеци. Возрасен египетски мршојадец Возрасен египетски мршојадец Млад египетски мршојадец                 Овие…

Новости