Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Македонско непроценливо богатство – генетски диверзитет на грав

Книгата „Македонско непроценливо богатство – генетски диверзитет на грав ( Phaseolus sp.)“ ќе ве запознае со светот на гравот: од каде потекнува, како се одомаќинил, колку видови и типови на грав има, каде се чуваат колекциите со генетски ресурси од грав, со какви ресурси располага Северна Македонија, каде и колку се одгледува и користи, како да го одгледувате во градините, каква е нутритивната вредност на гравот и ефектите врз здравјето и ќе ве мотивира да пробате некои поразлични јадења од…

Новости

Меурестиот козинец (Astragalus physocalyx) доби свој мурал во Богданци

18.05.20212 – По повод меѓународниот ден на диворастечки растенија - 18 мај, градскиот парк во Богданци се збогати со ѕиден мурал посветен на локалниот ендемит меурест козинец, што вирее само во околината на Богданци, додека на светско ниво, го има само на неколку локалитети во Турција, Бугарија и Грција. Овој „критично загрозен вид“ е дел од Националната црвена листа на Република Македонија. Ова ретко растение се набљудува редовно изминатите четири години со цел да се дознае повеќе за неговата…

Новости

Сунчица се враќа дома по зимување на Блискиот Исток

Со голема возбуда сакаме да ве информираме дека по 5 месеци зимување на Блискиот Исток светскиот патник Сунчица се врати на Балканот. Во 2019 година заедно со Фондот за дива флора и фауна на Сунчица и уште неколку други белоглави мршојадци од Грција и Македонија им ставивме ГПС предаватели. Овие предаватели се обид да се следи и спречи нивното труење на Балканот. Труењето е една од најголемите закани за популациите на мршојадци чии бројки стрмоглаво опаѓаат. Патувањата на Сунчица ги следевме со…

Новости

Спроведување на проекти финансирани од средни грантови

Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме завршените проекти во категоријата на средни грантови при програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2021 ва година. Развивање и примена на методи за следење на испарливи и полуиспарливи органски соединенија во воздухот во Скопје Раководител: Ивона Софрониевска Активно земање примероци од SVOCs на PUF филтри Финален извештај : Аерозагадувањето со штетни испарливи (VOCs) и полуиспарливи органски соединенија (SVOCs) е…

Новости

Шар Планина треба да се прогласи за национален парк

Локалното население смета дека Шар Планина треба да се прогласи за национален парк, покажа најновата анкета спроведена во Полог Скопје, 30.03.2021 - Речиси идентично како и во 2016 година, околу 83% од испитаниците сметаат дека Шар Планина треба да биде прогласена за национален парк (во 2021 година 82,7 % а во 2016 година 83,4 %), покажа последното истражување на јавното мислење спроведено во рамки на проект на Македонско еколошко друштво и платформата „Пријатели на Шара“. Photo by: Jacek…

Новости

Прифатен центар за згрижување на повредени животни, сираци или запленети егзотични животни

Македонското еколошко друштво (МЕД) ја поддржува иницијативата за отворање на центар за згрижување на диви животни. Целта на овој центар треба да биде згрижување на повредени автохтони животни или млади единки останати без родители, на кои им е потребна медицинска помош, односно помош да достигнат возраст на која ќе бидат способни да преживеат во природа. Потребата за ваков центар е препознаена од пред најмалку 20 години, а е особено актуелизирана во последните 8 години. Според МЕД, прифатниот…

Новости

Спроведување на проекти финансирани од малите грантови

Ни претставува огромно задоволство да ви ги претставиме проектите од програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски” за 2021 ва година. Годинава го следиме спроведувањето на девет проекти на кои им посакуваме многу успех и веруваме дека нивниот ангажман на проектите ќе биде вистински чекор напред кон успешни кариери како еколози! Проценка на видовото разнообразие на инвертебратната терестрична фауна во агроекосистеми во Пелагонискиот регион, проследена со одредување на…

Новости

Прв рис во „Јасен“!

За првпат се следи балкански рис со ГПС околувратник во Јасен На крајот на февруари во ЗП „Јасен“ успешно го обележавме првиот млад мажјак од загрозениот подвид балкански рис со GPS околувратник. Потфатот беше спроведен во соработка со вработените од Јавното претпријатие за стопанисување со повеќе наменското подрачје „Јасен“. „За присуството на балкански рис во Јасен имавме податоци подолго време но досега немавме среќа да поставиме GPS околувратник на рис. Ова е првиот рис што ќе го следиме…

Новости

Нови чувари на гнезда

Додека го чекаме пристигањето на првиот египетски мршојадец во Македонија веќе се подготвуваме за едукација на идните чувари на гнезда. Во Демир Капија оваа година прв пат ќе се спроведува специјализиран едукативен пакет за египетскиот мршојадец. Содржините на пакетот лесно се адаптираат кон материјалот кој е веќе дел од образовниот процес. Подготвените лекции дополнуваат информации и обезбедуваат активности преку кои учениците практично и преку истражувања ќе дознаат повеќе за птиците кои…

Новости

Пропатувајте низ пределите на Шар Планина, Кораб и Коритник

          Објавена е брошурата за традиционално овчарство во регионот Шара, Кораб и Коритник. Оваа брошура ве носи на истражување низ пределите каде опстојува овчарството, производството на млечни производи и типични соеви овци. Брошурата во која е даден осврт и на биолошката разновидност во регионот ви ги претставува и познатите фестивали и настани поврзани со рурален туризам и традиционално сточарство.           Сите знаење и искуства за…

Новости

Прв белоглав мршојадец со GPS уред – следиме незаконско труење на диви животни низ Балканот

Деновиве во Бугарија беше поставен првиот GPS предавател на белоглав мршојадец со цел детално да го следиме неговото движење што ќе придонесе кон рано предупредување за незаконско труење. Оваа технологија овозможува да ги пронајдеме и спасиме затруените мршојадци како и да обезбедиме информации за гонење на сторителите. Намалувањето на ефектот од труењето на диви животни е основа за зачувување на природата и особено на мршојадците. Обележувањето на мршојадецот го изврши тимот на Фондот за дива…

Новости

Не е сѐ фламинга и штркови!

Годината која измина беше, во најмала рака, чудна. Еден добар начин на кој беше чудна е бројот на ретки птици кои беа забележани низ Македонија. Иако ние од во МЕД истражувањата ги правиме по строго определени методологии и се фокусираме на научната цел не можеме а да не се израдуваме малку повеќе кога ќе најдеме птица која ретко се гледа кај нас! Птицата со која се отвори сезоната не е многу поголема од врапче но нејзината приказна е многу повозбудлива. Снежна стрнарка, Plectrophenax nivalis…

Новости