Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Лабораторијата на Преспа – Прекугранична летна школа

„Мониторинг и управување со зачувувањето на природата во Преспа“ 11-16 септември 2022 година, Национален Парк „Преспа“, Албанија Краен рок за пријавување: среда, 24 август 2022 година Оваа година се организира четвртата прекугранична школа со рамките на мрежата ПреспаНет. Во оваа мрежа учествуваат нашите партнерски организации Заштита и зачувување на природната средина на Албанија (ППНЕА) и Здружението за заштита на Преспа (СПП) од Грција. Летната школа ќе има теоретски сесии и практични…

Новости

Инфо сесија за истражувачки престој во Германија на 20 јуни во Скопје

Скопје, 09 јуни 2022г. - Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) на 20 јуни во 12 часот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ (амфитеатар бр.16) ќе одржи Информативна сесија во врска со отворениот конкурс за стажирање или истражувачки престој од 6 до 12 месеци во Германија. МЕД ги поканува заинтересираните студенти со завршени магистерски студии да ги постават своите прашања на претставниците на Мрежата за стипендии на…

Новости

22 мај е Светски ден на биолошката разновидност

Оваа година фокусот на прославите низ целиот свет е фактот дека зачувувањето на биодиверзитетот е клучот на заедничката иднина на сите живи суштества! За нас, во МЕД, ова е ден кој се слави со особена радост и гордост. Нашата работа е силно посветена на истражување, зачувување и промовирање на биолошката разновидност на Македонија. Еден од предизвиците пред нас е да добиеме широка поддршка, не само кај институциите туку и меѓу граѓаните на нашата држава. Доколку ја подржувате нашата мисија Ве…

Новости

Во Тетово отворен Инфо центар за Шар Планина а во Гостивар две ботанички градини

12.05. 2022 – Во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник" во текот на април и мај се одржаа две одлични промоции. Планинарскиот клуб „Љуботен“ го промовираше Инфо центарот за Шар Планина во Тетово а организацијата „Иницијатива за граѓански интеграции“ во две основни училишта во Гостивар отвори две ботанички градини. Чест ни е што работата на клубот продолжува и со еден ваков важен инфо-центар којшто ќе нуди најважни информации за природата на Шар Планина и можностите…

Новости

Преглед на напредокот во спречување на криволов, труење и електрокуција на птици долж Јадранскиот прелетен пат – тема на четвртата Adriatic Flyways конференција

Во последната недела на април во Задар, Хрватска се одржа четвртата конференција за проектот Јадрански прелетни патишта за птици. Главни теми на дискусија беа главните причини за продолженото, а во некои случаи и драматично намалување на популацијата на миграторни птици долж ова прелетно подрачје, како и воведување на мерки со кои би се намалил овој тренд. Претставник на МЕД ги презентираше проблемите со кои се среќаваат миграторните птици во начајните подрачја за птици Овче поле и Кочански…

Новости

Илегалното труење го уништува биодиверзитетот на Балканот додека само 1% од случаите завршуваат на суд

      Илегалната употреба на отровни субстанци во животната средина со цел отстранување на „несакани“ животни го осиромашува биодиверзитетот и претставува закана за јавното здравје а сепак и понатаму се провлекува не регистрирано и не казнето – се наведува во новата Студија за труење на мршојадците 2022, објавена во рамки на проектот BalkanDetox LIFE, финансиран од страна на Европската Унија. Илегалната употреба на отровни мамки не е само предизвик за заштита на дивите животни…

Новости

На денот на Планетата Земја – известуваме за водостој на Преспанското Езеро

Годинава, се радуваме што во рамки на теренските истражувања во Преспа затековме поплавени ливади и полни реки кои се влeваат во езерото. Ваквата состојба, заедно со снежните покривки на планините нудат надеж, но сè уште не можеме да бидеме сигурни колкав ќе биде позитивниот ефект на идниот водостој. За жал, во последните години го посведочивме најнискиот познат водостој на Преспанското Езеро од 1951 година (кога започнуваат континуирани мерења). Ова се должи на низа фактори, но пред сè, на сè…

Новости

Средба на локалните акциони групи од регионот Шара-Кораб-Коритник

Призрен, 13.04.2022 - Претставниците на платформата „ Пријатели на Шара“ во којашто членува и МЕД учествуваа на прекугранична средба со преттавниците на двата лагови од Косово и Албанија „Шари“ од Косово и „Кораби“ од Албанија на 13 април во Призрен Косово. „Се радуваме што платформата „Пријатели на Шара“ има идни соработници од регионот Шара-Кораб-Коритник од Косово и Албанија и се надеваме дека двете групи што поскоро ќе започнат со конкретни активности за зачувување на природните ресурси и…

Новости

Во Призрен се одржа средба на 13 лидери на проекти од регионот Шара-Кораб-Коритник

Призрен, 14 април – Во националниот парк Шари во Косово од 12- 14 април по подолга пауза и онлајн состаноци претставниците на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“ што обединува 13 модел проекти од регионот се сретнаа во Призрен да разменат искуства. Освен овој состанок во рамки на проектот се одржаа и тековни планирачки состаноци на проектниот тим составен од четири организации во четири земји (Македонија, Косово, Албанија и Германија). На состанокот проектите од трите…

Новости

Информативна средба во врска со актуелното чистење на малата депонија со линдан во ОХИС

На 15.04.2022 во просториите на Македонско еколошко друштво се одржа информативна средба за новинари и засегнати страни во врска со актуелното чистење на малата депонија со линдан во ОХИС. На средбата свои презентации во врска со процесот имаа претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, канцеларија за ПОПс, од фирмата изведувач на активностите, ПОЛИЕКО како и национален претставник за TAUW, надзор, контрола и мониторинг на спроведување активностите за отстранување на…

Новости

Поддршка на иницијативата за обележување на Ден за садење медоносни растенија

Со цел да се подигне свесноста кај сите засегнати чинители за садење на медоносни растенија кои го поддржуваат животот на пчелите и процесот на производство на мед, Словенечкиот пчеларски сојуз во ноември 2021 го започна проектот „Ден за садење медоносни растенија“ (Dan sajenja medovitih rastlin/Day of planting honey plants). Целта на проектот е да се засадат што повеќе медоносни растенија, од страна на љубители на природата и заинтересирани општествени чинители. На меѓународно ниво, идејата е…

Новости

Младите заслужуваат квалитетна едукација за животна средина – едукативни ресурси за идни лидери за заштита на животната средина

Заврши проектот SHAPE „Локална акција за подобри политики за заштита на животна средина” во кој се обидовме да се доближиме до младите и да креираме идни лидери за заштита на животната средина. Едукативните промоматеријали коишто беа направени во рамки на проектот што го реализиравме во соработка со Институтот за комуникациски студии, со финансиска поддржка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) служеа за подигнување на јавната свест за потребата за активизам за…

Новости