Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Дивите орхидеи на Македонија

Оваа година се подготвуваме за календар посветен на неверојатната разновидност и убавина на дивите орхидеи во Македонија. Како и изминатите две години ќе ве поканиме да учествувате на фото конкурс на кој ќе се изберат победничките 12 фотографии за календарот. Бидејќи дивите орхидеи не се наоѓаат или препознаваат лесно сакаме да ви помогнеме со неколку ресурси: Нашата препорака за книга/водич е : Kühn, R., Pedersen, H., Cribb, P. (2019). Field Guide to the Orchids of Europe and the Mediterranean…

Новости

(untitled)

ПОАЃАЊЕ ЗА ЕКСКУРЗИЈАТА Е ВО 07:00 ЧАСОТ ПРЕД СПОРТСКАТА САЛА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ Дојдете на пролетната екскурзија „Одиме на Јабланица“ Македонското еколошко друштво ве кани на прошетка/истражување во природа и дружба со останати природољупци. Оваа година ве каниме на прошетка низ Јабланица, идното заштитено подрачје на југозападот, на 20 мај 2023 година. По пауза од неколку години ги собираме нашите членови на прошетка во природа. Прошетката ќе ја водат наши истражувачи кои ќе ве запознаат со…

Новости

МЕД учествува на третата обука организирана од „Академијата за криминал против дивиот свет” во Малага, Шпанија

Вкупно пет учесници од различни и релевантни владини институции и организации од земјава учествуваа на третата обука организирана од Академијата за криминал против дивиот свет, која се одржа минатата недела во Малага (Шпанија). Учесниците од Македонија се обучуваа заедно со уште 39 учесници од девет европски земји и се здобија со квалификации во оваа високо напредна и специјализирана област. Обуката има за цел да им помогне на претставниците на релевантните институции при гонењето и осудувањето…

Новости

До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски

Детали за настанот: Кликни за пријавување Датум: 29 април 2023 Место: врв Китка Времетраење: 8 часа Збирно место, Горно Количани, над селото (кликни за линк до мапа) МЕД и ПК „Љуботен“ ја организираат оваа планинарска акција во чест на проф. Љупчо Меловски, долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, поборник за заштита на природата и учител на многу млади еколози. Љупчо беше и долгогодишен член и поддржувач на ПК „Љуботен“ и активно беше вклучен во многу активности на клубот.…

Новости

Едукација за заканите со кои се соочува египетскиот мршојадец

Учениците од основното училиште „Даме Груев“ од Ерџелија имаат силна врска со природата и знаат многу за земјоделските практики во нивната средина и затоа нивното образование за врската со биолошката разновидност е особено значајно. Посветените наставници од ова училиште повторно нè поканија на работилница за тема која ги поврзува земјоделството, животот во рурални средини и загрозените видови. Овој пат нашиот фокус беше на египетскиот мршојадец за кој најголемата закана е неселективното…

Новости

Средба на националната работна група за борба против отрови во рамки на проектот Балкан Детокс LIFE

На 15.03.2023, националната работна група за борба против отрови одржа состанок во рамки на проектот Балкан Детокс LIFE. Групата е неофицијално формирана во 2018, и оттогаш членовите заедно со МЕД имаат соработувано на креаирање на Националниот акциски план за борба против отрови во Република Северна Македонија, разработка на шемата на надлежности, како и стандардната оперативна процедура. На средбата беа присутни претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен…

Новости

ЗИМА - ПТИЦИ - ПТИЧАРИ

Ви благодариме на сите кои дојдовте на отворањето на изложбата „Зима - Птици - Птичари“ 🥰 Пресреќни сме што дојдовте во толку голем број и што успеавме да се видиме во живо и да поразговараме. Изложбата сега патува низ Македонија, разгледајте, уживајте и пишете ни за било какви прашања 🦆🦆🦆 Погледнете ги фотографиите на Арта Старова и Боби Кузмановски од отворањето:

Новости

Бели штркови, бели нуркачи и долгоопашеста патка - највозбудливите птици оваа зима!

Успешно го спроведовме среднозимскиот цензус на водни птици за 2023 година! Овој пат имавме големи и мотивирани тимови т.е. 23 ентузијасти и професионалци од МЕД, вработени во Националниот парк „Галичица“, Парк на природа „Езерани“ и претставници на ПОНТ. Големите тимови ни овозможија подетално собирање на информации, побрзо движење на теренот и повеќе возбудливи размени на информации за видените птици и доживувања. Поделни во четри тима можевме да ги покриеме Езерото Младост, Мантово,…

Новости

Пчеларите и сточарите од Шар Планина поддржани со опрема

  Проектите за одржливо пчеларство и сточарство на Шар Планина што ги спроведуваат организациите Центар за едукација и развој и Дива Перуника а се поддржани од проектот „Одржлива иднина за регионот Шара-Кораб-Коритник“ предновогодишно доделија опрема за модернизација на пчеларите и сточарите од Шар Планина. Вкупно 14 пчелари и сточари добија опрема. Пчеларите беа поддржани со центрифуги и фертилизатор додека 8 сточари беа поддржани со инокс садови, бојлери на плин и агрегати. Во рамки на…

Новости

Нова работилница на Мрежата за искуствено учење

Во текот на два дена (20-21.12.2022) во Маврово се сретна Мрежата за искуствено учење за да договори како понатаму ќе се одвива работата во рамките на тековниот проект. Мрежата имаше за цел да го финализира Меморандумот за соработка со кој се обезбедува формална согласност за постоењето и заедничката работа на членовите на Мрежата. Меморандумот треба да ги зближи организациите кои имаат многу различни очекувања и начини на работа, па се надеваме дека конечно имаме формат кој ќе биде прифатен и…

Новости

НОВ БИЛТЕН (ДЕКЕМВРИ 2022) – НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Билтенот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис е издание кое ги обединува најважните новости и достигнување на сите партнери кои се вклучени во Програмата. Во овој број можете да прочитате за новите предизвици со кои се соочуваме; научните достигнувања на нашиот тим; статусот на рисот на Мунела и проблемите со бездомните кучиња во природа. Билтенот и сите негови содржини е достапен на три јазика: Билтен на Програмата за закрепнување на балканскиот рис Balkan Lynx Recovery Programme…

Новости