Прескокни до содржината

Вести

506 објави

Македонското еколошко друштво достави предлози за унапредување на новиот Закон за природа

Македонското еколошко друштво достави коментари и предлози на нацрт-законот за природата, објавен на ЕНЕР, поздравувајќи го процесот за донесување на нов закон како можност за унапредување на системот за заштита на природата.   Ова е важен процес, особено ако се земе предвид дека Законот за заштита на природата е донесен во 2004 година, а во меѓувреме се менуваат предизвиците со кои се соочува природата и политиките за нејзино зачувување. За МЕД, новиот закон е можност да се постави…

Новости

Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Иницијатива за зелена и сина Преспа: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај ( Sideritis raeseri ) на планината Галичица и прилагодување на мониторинг…

Новости

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од Македонското еколошко друштво

Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“ , покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот низ Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 % од европскиот континент, површина речиси шест пати поголема од таа што моментално ја заземаат, се предвидува во студијата која обедини истражувачи од 13 европски земји, меѓу кои и д-р…

Новости

Во полн ек се теренските истражувања на дивиот свет во Преспа

Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро е веќе отпочнат мониторингот на повеќе видови птици, вклучувајќи ги големиот…

Новости

Апликацијата ptici.mk надмина 50.000 записи!

Над 50.000 записи брои апликацијата ptici.mk, којашто ја претставивме пред две години, со идеја да го поддржиме растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици и така да придонесеме кон унапредувањето на граѓанската наука. Ова значи дека над 50.000 пати се внесени сегрегирани податоци за набљудуваните птици кај нас, но и дека сите тие информации се „видливи“ многу пошироко со оглед на тоа што платформата ptici.mk е целосно интегрирана во Европскиот портал на птици . Во светот…

Новости

Училница во природа: Заврши вториот едукативен камп во Дојран на Македонското еколошко друштво

Во периодот од 16 до 18 мај, Македонското еколошко друштво го одржа второто издание на „Едукативниот камп Дојран“во рамки на проектот „Заштита и ревитализација на Медитеранските влажни зони“ – PROZHUM. Кампот обедини 33 средношколци, од кои дел веќе учествуваа на првото издание, а речиси половина од нив учествуваа за прв пат во ова теренско едукативно искуство. Во текот на трите дена, Дојран беше училница на отворено во која младите ја истражуваа природата на различни локалитети и се запознаваа…

Новости

Балкан Детокс: успешното заокружување на проектот - основа за следните потфати во борбата против труењето на дивиот свет

Кон крајот на април, во Скопје го организиравме завршниот настан на проектот „Балкан Детокс“ (LIFE19 GIE/NL/001016), којшто го отпочнавме во 2020 година заедно со 7 други партнери од регионот и Фондацијата за заштита на мршојадци и со поддршка од програмата LIFE на Европската Унија, со главна цел да го сопреме поставувањето на отровни мамки за диви животни. Отровните мамки претставуваат сериозна закана за дивиот свет во Македонија. Нелегалното труење веќе предизвика целосно истребување на…

Новости

Македонското еколошко друштво ќе спроведува нов амбициозен европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион

Прекуграничното управување и зачувување на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка е главната цел на новиот европски проект LIFE DinPin Bear (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048), којшто до 2031 година ќе го спроведуваат дури девет европски држави, вклучително и Македонија, под водство и координација на германската организација „ЕуроНатур“. Токму затоа, Македонското еколошко друштво (МЕД) и Министерството за животна средина и просторно планирање беа меѓу речиси 50 учесници од 21…

Новости

„До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“: Македонското еколошко друштво и Планинарскиот клуб „Љуботен“ ве покануваат на планинарско меморијално искачување

Во чест и сеќавање на проф. д-р Љупчо Меловски, доајен на еколошката наука во земјава, Македонското еколошко друштво ве поканува на шестиот Меморијален марш „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“ што ќе се одржи на 26 април (недела) во соработка со Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово. Проф. д-р Љупчо Меловски беше научник, професор и голем вљубеник во планините. Човек со уникатна страст за заштита на природата од кого учеа многу млади еколози, човек кој има дадено исклучителен придонес за…

Новости

„Безбедни жици за загрозени птици“: Официјално започнува проектот преку кој ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво ќе ги зачувуваат загрозените популации на царскиот орел и египетскиот мршојад

Со учество на високи претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава и на релевантни институции, денес во „Јуроп Хаус“ - Скопје се одржа конференција за печат во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД) и ЕВН Македонија, со што официјално се одбележа почетокот на меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“ (101216021 - LIFE24-NAT-BG-EP for Birds LIFE). Кофинансиран во рамките на Програмата LIFE на Европската Унија , преку овој проект во следните пет години ќе се работи на…

Новости

Усвоена е Регионална стратегија за зачувување на балканскиот рис!

Регионалната стратегија за зачувување на балканскиот рис беше официјално усвоена на петнаесеттиот состанок на Конференцијата на страните на Конвенцијата за зачувување на миграторните видови диви животни (CMS COP15) што се одржа во Бразил. Стратегијата се фокусира на развивање национални акциски планови, поврзување на живеалишта и подобрување на генетската разновидност, а во наредните години ќе ја спроведуваат надлежните органи и експерти. Заедничките заложби за зајакнување на мерките за заштита…

Новости