Прескокни до содржината

Вести

5 објави

Лекција 5 - Водни птици

Дали знаете какви водни површини има во ваша близина? Дали знаете кои птици можат да се видат таму? За одговори, задачи и дури и уметнички експерименти симнете ја новата лекција ТУКА Како и за сите претходни лекции и денеска имаме подготвително видео (на англиски) кое можете да го гледате ТУКА .   Уживајте во лекцијата и пратете ни слика од вашите уметнички дела! <3

Лекции за птици

Лекција 4 - Зошто птиците прават гнезда?

Раскошните зелени листови на дрвјата и грмушките кријат неверојатни тајни за птиците - тие ги кријат нивните гнезда! Повеќе за гнездата можете да прочитате тука Вовед за лекцијата (на англиски) има тука .         А вежбите за оваа лекција ве чекаат тука Уживајте, набљудувајте дрвја подолго време и пробајте да забележите гнездо! Сега е вистинското време! Кажете ни што видовте! НИКОГАШ НЕ ДОБЛИЖУВАЈТЕ СЕ БЛИСКУ ДО ГНЕЗДО!  

Лекции за птици

Лекција 3 - Пролетна преселба

Пролетната преселба на птиците е во пол ек! Таа ќе трае до крајот на мај а тоа значи дека секој ден над нашите глави прелетуваат илјадници неверојатни птици. Некои од нив ќе слетаат тука и ќе свијат гнезда а некои само ќе не надлетаат. Денешнава лекција сака да ви помогне да ја разберете оваа неверојатна природна појава. Симнете ја лекцијата од ТУКА Како подготовка за оваа лекција можете да го гледате ова видео (на англиски) ТУКА Повеќе за преселбите тука Повеќе за некои птици преселници

Лекции за птици

Лекција 2 - Со што се хранат птиците

Со крајот на март завршува и сезоната на поставување на хранилки за птици. Зошто? Затоа што тие сега имаат храна во изобилство! Пролетта ја буди природата и птиците околу себе можат да најдат секаква храна. Дополнително, храната во хранилките сега може полесно да се расите и да придонесе кон ширење на болести меѓу птиците како и да привлече други (не многу посакувани) посетители. Па да видиме од оваа лекција како се хранат птиците и дали има друг начин на кој можеме да им помогнеме освен со…

Лекции за птици

Лекција 1 - Како да бидеш добар набљудувач на птици

Оваа лекција ве подготвува за набљудување птици. Во неа ќе најдете вежби и задачи кои ви помагаат да најдете и препознаете птици. Уживајте учејќи и пишете ни доколку имате некое прашање. Наставници/родители - доколку сакате подобро да се подготвите за оваа лекција можете да гледате едукативно видео тука . Видеото е на англиски и е направено специјално за нашите потреби. Клик тука за: Лекција 1 со вежби и задачи

Лекции за птици