Прескокни до содржината

Вести

7 објави

Лекција 7 - Создавање приказни

  Потребен материјал : Листови хартија (исечени на четири дела), боички Цел : Да се запознаат децата со елементите на природата Да се запознаат со синџирите на исхрана Да соработуваат Вовед : Раскажувањето приказни може да биде моќна алатка за подигнување на свеста за животната средина. Приказната е за херој (растение, животно или човек); пречките со кои се соочува и начините за нивно надминување на патот кон својата цел. Приказната може да опише вистински настани (семе што никнува, молња…

Лекции за растенија

Лекција 6 - Исцртување лисја

Цел : Децата да се запознаат со различните форми на лисја. Вовед : Лисјата може многу да се разликуваат помеѓу различните видови растенија. Нивниот облик е нивната најкарактеристична одлика, по која може да се препознае видот на растението. Тие можат да бидат тркалезни, триаголни, линеарни, назабени... Може дури да најдеме различни форми на листови на истото растение, ако ги споредеме тие на дното на крошната и тие на врвот. Инструкции : Секое дете одбира 2 до 4 лисја со интересни форми, ги…

Лекции за растенија

Лекција 5 - Сè е поврзано

Потребен материјал: коноп, конец или било каква долга лента, листови хартија Цел: Да се разберат тесните врски помеѓу растенијата и животните во еден екосистем Вовед: Во еден екосистем, секој жив организам има некаков ефект на другите околу него и обратно. Повеќето односи се базираат на исхрана: еден вид може да се исхранува директно со друг, може исто така да биде паразит (споро јадејќи го домаќинот без да го убие), или пак може два организми да соработуваат во лов на нивниот плен, а секако…

Лекции за растенија

Лекција 4 - Светот на растенијата

Потребен материјал: листови хартија, молив и боички, ножици, селотејп и течен лепак Цел: Децата да соработуваат и илустрираат природен микро-свет Децата цртаат лисја, гранки, инсекти итн. и потоа ги спојуваат своите цртежи за да формираат едно големо растение со сите животинки што живеат на него. Вовед : Исто како и зградите, и растенијата имаат многу катови (почнувајќи од подрумот-корените па се до покривот-цвеќињата) и станови (лисја и гранчиња). На секој спрат, зградата има ѕидови и подови,…

Лекции за растенија

Лекција 3 - Колку семиња ќе пораснат?

Потребно време: 30 минути Материјали: Семиња (кикирики или семки од сончоглед),креда, хамер, фломастери Упатства: Едно дете ги расфрла семињата на подот кој е поделен на квадранти, а останатите ги бројат семињата што ќе никнат. Цел: Децата да разберат дека само неколку семиња ќе никнат во нови растенија Вовед: Сите растенија произведуваат семиња, мали или големи, неколку или многу на број. За растението е голем успех кога семињата ќе се распространат и ќе никнат во нови растенија. Но не сите…

Лекции за растенија

Лекција 2 - И растенијата дишат

Потребен материјал: растение и проѕирна пластична кесичка Цел: Да се види дека и растенијата дишат. Вовед : Растенијата дишат преку многу мали дупчиња на своите листови. Како што нашиот здив содржи влага која може да ја видиме на прозорецот доколку му „хухнеме”, истото важи и за растенијата кои пак не можат да „хухнат” – нивното дишење ослободува влага кој може да ја видиме доколку се потрудиме. Влагата создадена од дишењето на растенијата оди во атмосферата и се таложи во форма на облаци…

Лекции за растенија

Лекција 1 - Кријам храна за подоцна

Пролетта за секој од нас започнува со кокиче, со мирисот на првото расцветано овошно дрво, со зеленилото на дрвјата и на земјата! Особено во тешкиве денови на #седидома овие глетки од нашите прозорци, растенија или саксии најлесно ни го разубавуваат денот. Растенијата се неверојатено важен дел од нашиот живот и тие се постојано околу нас. Во обид да помогнеме нашите деца и ученици да ги заскаат со причина и познавање секој четврток од сега па натаму ќе споделуваме образовни материјали на тема…

Лекции за растенија