
Лекција 7 - Закани за опстанокот на рисот
Рисот нема природни непријатели – единствен непријател му е човекот. Главните причини за негово исчезнување се поврзани со нелегалниот лов (криволов), уништувањето на шумите кои се негов дом, како и намалениот извор на храна. Криволовот значително го намалува и онака малиот број единки на балкански рис. Со ова, неговата полулација се намалува, па преостануваат многу малку единки кои скоро и да се роднини од второ или трето колено, односно подалечни браќа и сестри. Ова пак, од друга страна, го…





