Прескокни до содржината

Вести

12 објави

ГОСПОДИНОТ И ГОСПОЃАТА ПАУН

Раскошните бои на мажјакот на паунот предизвикуваат одушевување и внимание, па ако некаде сте го сретнале, сигурно сте застанале убаво да го погледнете и да му се восхитувате. Паунот е дефинитивно е најубавата птица што може да се види во нашите краеви. Малку е познато дека, иако кравите се заштитен вид и симбол на Индија, сепак, токму паунот е национална птица на Индија. Поради својата убавина, уште одамна бил пренесен во европските дворци и замоци, каде набргу станал главна атракција.…

Блог

Од грдото пајче до прекрасен лебед

[:mk] Приказната за грдото пајче на сите Ви е сигурно добро позната, но во реалност пајчињата не само што не се грди, туку се симпатични особено кога како мали се возат на грбот на својата мајка. Веројатно се нарекуваат грди бидејќи како мали, ја немаат ни приближно убавината на своите родители. А можеби се работи едноставно за вкус, кому и што му е убаво или грдо, а за вкусовите, нели, не вреди да се дискутира. Во таа приказна, пајчето е всушност лебед, една од најубавите птици на светот. Ова…

Блог

Последните штркови во Берово: граѓански активизам во време на пандемија

Според националниот попис на белите штркови во 2015 година, градот Берово имаше само едно активно гнездо од овој знаменит вид. Меѓутоа, гнездото беше загрозено и со тоа опстанокот на овој единствен пар беше доведен во прашање. Можноста градот да го изгуби единствениот пар штркови поттикна активизам и соработка која вклучи клучни чинители на локално и националано ниво, дури и во време на пандемија. Прочитајте повеќе за патешествијата на штрковите и неговите чувари... На почетокот на март добивме…

Блог

10 факти за птичјите гнезда кои не сте ги знаеле

Повеќето видови птици градат гнезда во кои полагаат јајца. Гнездата се топли и безбедни места каде што родителите ги одгледуваат своите пилиња. Птиците ги кријат своите гнезда за да бидат безбедни од предатори, но и да се засолнат од лошите временски услови. Различни птици користат различни материјали за изградба на гнездата. Некои користат стапчиња, тревки, ливчиња, пајажина, a пак други употребуваат гранки од дрвја, кал, камења, па дури и сопствената плунка. Многу гнезда се изградени од…

Блог

Првото синило на кафеавата шумска покривка - Anemone hepatica

Тоа е едно од првите пролетни цвеќиња кои носат синило на кафеавата шумска покривка. Народното име ѝ е џигерница, јетренка, џигеров лист, хепатика, и таа е член на фамилијата лутичиња или Ranunculaceae. Името го добива поради кожестите пурпурно-кафеави базални листови, кои потсетуваат на обликот на црниот дроб. Како и повеќето пролетници, така и ова растение сезоната ја започнува со цветање. Тое е повеќегодишно растение со височина 5–15 см. Цветовите се впечатливо сини, виолетови, розови или…

Блог

Кањата Вјоса се враќа дома

Запознајте ја Вјоса, египетски мршојадец, кај народот познат како кања. Таа веќе започна да лета до нејзиното летно живеалиште во Албанија. Очекуваме дека патешествието долго над 4000 километри ќе го заврши за триесетина денови. Иако со пократок животен век, Вјоса веројатно има видено повеќе од мнозинството од нас. Од нејзиното зимско живеалиште во Чад, преку пустината Сахара во Судан, долж реката Нил и Суетскиот канал во Египет, низ Јордан, Вјоса моментално лета над пустината во Сирија.…

Блог

Ендемични растенија во Македонија

Дали знаевте дека... Во Македонија има повеќе од 3.700 виши растенија групирани во 920 родови и 210 фамилии. Секое растение си има свое име и презиме, а сите имиња на растенијата се на латински јазик, за да можат научниците кои ги проучуваат растенијата да разберат за кое растение се работи. Името е единствено но презимето го делат повеќе растенија, односно тоа е името на родот. Во различните држави пак, истите растенијата имаат и „народни имиња“, кои ги дава локалното население за подобро…

Блог

Процесот на преселба кај птиците

“Желбата за преселба на птиците е генетски вроден нагон, како што е и генетски вродениот нагон за размножувањето во пролет, на ова не е имуно ниту потомството на птиците преселници,’. Henry Seebohm (1888) Сите сме запознаени со пролетната преселба на птиците кога нашите градови и села се полнат со штркови, ластовички и славејчиња. Знаеме и дека истите овие птици си заминуваат на есен. Овие сезонски движења во двата правци поинаку се нарекуваат годишна преселба. Ова движење се одвива секоја…

Блог

Крволочната дама - госпоѓата Богомолка

Дали досега сте слушнале за инсектот со шест нозе со интересно име наречен богомолка? Се работи за долгоног инсект кој предниот пар на нозе ги држи издигнати во положба која наликува на собрани раце при молитва, по што и го добила своето народно име. На врвот на телото на богомолката се наоѓа главата во форма на триаголник со еден пар екстремно големи раскокорачени очи помеѓу кои се наоѓаат уште три мали едноставни очи. Ова и овозможува на богомолката да има одличен вид. Од друга страна, за…

Блог

ГИНКО - ЕМ СТАР ЕМ ЗДРАВ

Ginkgo biloba, познат и како гинкго или гинко е најстарото дрво на светот кое на планетатa Земја живее уште од пред околу 270 милиони години. Чарлс Дарвин ова дрво го нарекол жив фосил, бидејќи гинкото го преживеало дури и Леденото доба. Во неговата постојбина, југоисточна Кина, во храмовите на будистичките свештеници можат да се сретнат примероци постари и од 3.000 години, бидејќи за Будистите, гинкото е свето дрво. Името гинко потекнува од кинеските зборови gin и kyo, што во превод значи…

Блог

Липа - дрво на убавината, правдината и љубовта

Липа или на латински “Tilia” опфаќа околу 30 различни видови широко распространети на улиците и парковите низ целата северна хемисфера на планетата Земја. Во Македонија растат три вида липи крупнолисна (Tilia plathyphyllos), ситнолисна (Tilia cordata) и сребрена (Tilia tomentosa). Липата е атрактивно дрво со голема крошна и идеално за урбани средини, бидејќи е толерантно на различни услови вклучувајќи ја и загаденoста на воздухот. Можеби затоа, една од најпопуларните улици во Берлин, познатата…

Блог

Дали сте попаметни од гулабите? Прочитајте го текстот пред да кажете ДА

Во текот на историјата гулабите поминале низ сè и сешто - од свети птици и домашни миленичиња, преку гулаби воени херои до денешни украси на плоштадите и за жал, гурмански специјалитети во најелитните светски ресторани. Зборот “гулаб” доаѓа од латинскиот збор pipio што во превод значи “малечка птица”. Гулабите се копнени птици со витко тело и со кратки и силни нозе со по четири прста. Се сметаат како едни од најинтелигентните птици кои можат да се препознаат себеси во огледало, да разликуваат…

Блог