Прескокни до содржината

Вести

10 објави за „Преспа“

Пријатели, соседи, колеги – Годишна средба на „ПреспаНет“ за 2026 година

Македонското еколошко друштво беше домаќин на Друштвото за заштита на Преспа од Грција (СПП) и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА) на Годишната средба на прекуграничната мрежа на еколошки организации „ПреспаНет“, која минатата недела се одржа во Отешево на западниот брег на Преспанското Езеро. За време на првиот ден беше направен осврт на активностите од тековиот проект „ПреспаНет III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“,…

Настани

Среднозимско пребројување на водни птици (IWC 2020)

Десет години по ред, во викендот на 11 и 12 јануари 2020 г., вработени и волонтери од МЕД спроведоа броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните акумулации и водните станишта. И покрај остриот студ, ентузијазмот на тимовите кои го спроведоа Зимскиот цензус на водни птици во Македонија го преточија во пријатен потфат во којшто беа избројани вкупно околу 25.000 птици на Охридското и Преспанското Езеро, односно, околу 4.000 птици во Дојранското Езеро. Малата…

Настани

6ти конгрес на еколози 2022

Поради состојбата со светската пандемија 6-иот Конгрес на еколозите на Република Северна Македонија е одложен за октомври 2022 година во Охрид. Традиционално, Конгресот е со изразено меѓународно учество, и има меѓународен организациски одбор (од 15 членови) и меѓународен научен и уредувачи одбор (23 членови од 12 држави). На Конгресот може да се пријавуваат усни и постер презентации, кои треба да потпаднат под една од осумте секции: Популации, заедници и екосистеми, Хидробиологија, управување и…

Настани

Светски ден на водните живеалишта, 2017

Денес е Светски ден на водните живеалишта! Рамсарската конвенција секоја година го организира овој настан со различни активности и игри. Оваа година беа подготвени неколку пораки кои ни ги испраќа преку следното видео https://www.youtube.com/watch?v=dDnokfpEiz4 и еден интересен стрип ! МЕД го прослави овој ден со едукативен настан во Преспа. Заедно со децата од ОУ „Гоце Делчев“, ги проверивме нашите знаења за функциите на водните живеалишта преку интересен квиз и дознавме како не штитат од…

Настани

Четврти конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид, 2012 година

Македонското еколошко друштво во сора­бо­тка со Македонското лимнолошко друштво го орга­низираше 4. Конгрес на еколозите од Македо­нија, со цел да се со­гле­даат достигнувањата во еколо­ги­ја­та во Ма­кедо­нија и другите земји во регионот, како и разме­на на иску­ства и знаење согласно ра­бот­ните услови на научни­ци­те и експертите на овој простор, но и јавниот инте­рес за подобра, почиста и поздрава жи­вотна средина. На Конгресот беа презентирани совре­ме­­ни­те научни сознанија на модерната…

Настани

Ден на зелениот појас, Преспа 2016

На 24 септември 2016 година, на брегот на Преспанското Езеро се одбележа за прв пат Денот на зелениот појас. Градоначалниците на трите општини кои го делат преспанскиот регион - Општина Ресен (Македонија), Општина Пустец (Албанија) и Општина Преспа (Грција) го отворија настанот кој имаше едукативен и забавен карактер. Месното население од трите страни на Преспанското Езеро имаше можност да научи нешто повеќе за зелениот појас како и да ужива во традиционалната храна, музика и танци од регионот.…

Настани

Светски ден на водните живеалишта, 2016

Основците од целиот прекуграничен Преспа регион ни покажаа како изгледа влажното живеалиште низ нивните очи! По повод Светскиот ден на водните живеалишта, 2 февруари, децата од прекугранична Преспа, преку симболична активност го прикажаа нивниот свет во мало. Децата од основните училишта во трите земји направија три макети претставувајќи ја сопствената страна на водното живеалиште, со крајна цел спојување на трите макети, овозможувајќи им на децата да ни ја покажат Прекугранична Преспа како…

Настани

Европски ден за набљудување птици, 2015

МЕД организираше настан на кој се сретнаа волонтерите и соработници од 2-ри до 4-ти октомври во Преспа по повод Европскиот ден за набљудување птици заедно со уште 41 земја од Европа и Централна Азија. Македонските набљудувачи на птици се придружија на над 24.000 луѓе кои го прославија почетокот на есенската миграција и придонесоа кон неверојатниот број од над 4 милиони набљудувани птици. Овој настан е можност да се сподели пораката за потребата од безбедни прелетни патишта за птиците преселници…

Настани

Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта со активности во Преспа, 2015

Како и секоја година така и оваа, Рамсарската конвенција дава иницијатива за организирање различни активности во светски рамки, за одбележување на Светскиот ден на водните живеалишта - 2 февруари. Мотото на овогодинешната иницијатива беше „Водни живеалишта за нашата иднина“. МЕД се приклучи на иницијативата со интересна презентација за учениците од СОУ „Цар Самоил“ во Ресен. Целта на предавањето беше подигнување на свеста на младите за значењето и вредноста на водните живеалишта, но истовремено…

Настани

МЕД го одбележа Денот на биодиверзитетот - 22 мај, 2013 година

Македонското еколошко друштво со изложба на детски цртежи, прикажување на документарни филмови за биодиверзитетот во Македонија како и саем на локални производи и храна го одбележа Светскиот ден за заштита на биолошката разновидност, во Отешево на Преспанското Езеро. Повеќе од 200 учесници, претставници на локалното население, ученици, професори од шесте училишта во регионот, претставници на владниот и невладин сектор, членови на МЕД и љубители на природата, заеднички го одбележаа овој настан.…

Настани