
„Шумите не се само наши“ - Ѕирнете во светот на рисицата Зора низ сликите на Драгослава Ѓуриќ
Во пријатна атмосфера синоќа во КСП Центар – Јадро беше отворена изложбата „ ЗОРА - Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа, лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација што сè уште преживува во балканските шуми. „Отсекогаш сум ги сакала животните и сум се чувствувала поврзано со нив. Сакав да помогнам да се…



