Прескокни до содржината

Вести

57 објави

Научна трибина за состојбите со загадувањето во Република Македонија, Скопје 2016 година

Македонското еколошко друштво на 12.02.2016 година, во Кинотеката на Македонија ја организираше IX научна трибина на тема „Состојбите со загадувањето на животната средина во Република Македонија“. Оваа актуелна научна трибина беше обид да се обединат оригиналните и понови резултати од научните истражувања во Македонија кои се однесуваат на загадувањето на воздухот, водата и почвата во Македонија. Целта на трибината беше да ја побуди научната и стручната јавност, да ги презентира научните…

Настани

Симпозиум за заштита на балканскиот рис, Албанија, 2015 година

Цели 10 години поминаа од почетокот на првите иницијативи за заштита на балканскиот рис. По повод овој јубилеј, учесниците во проектот Програма за закрепнување на балканскиот рис, организираа научен симпозиум во националниот парк Дајти, Албанија од 21 до 22 октомври 2015 година. На него учествуваа претставници од владиниот и невладиниот сектор од сите четири земји кои го имплементираат проектот, Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, како и стручните соработници од Германија, Швајцарија,…

Настани

Европски ден за набљудување птици, 2015

МЕД организираше настан на кој се сретнаа волонтерите и соработници од 2-ри до 4-ти октомври во Преспа по повод Европскиот ден за набљудување птици заедно со уште 41 земја од Европа и Централна Азија. Македонските набљудувачи на птици се придружија на над 24.000 луѓе кои го прославија почетокот на есенската миграција и придонесоа кон неверојатниот број од над 4 милиони набљудувани птици. Овој настан е можност да се сподели пораката за потребата од безбедни прелетни патишта за птиците преселници…

Настани

Светските денови за птици преселници, 2015

МЕД организираше посета на гнезда на штркови кои се поставени на електрични столбови во Јужна и Источна Македонија, со цел да процени дали истите се сигурни и за птиците и за електричната мрежа. Овие активности беа остварени во викендот на 9-10 мај, со цел обележување на Светските денови за птици преселници.

Настани

Шар Планина заслужува да биде национален парк но локалното население треба соодветно да се информира за бенефитите од идно заштитено подрачје

Македонското еколошко друштво во соработка со Институтот за развој на заедницата од Тетово организираше трибина по повод повторно актуелната иницијатива за прогласување на Шар Планина за национален парк на тема „Зошто Шар Планина заслужува да биде национален парк?“. Оваа трибина беше одржана во рамки на компонентата за заштитени подрачја од тековниот проект Програма за закрепнување на балканскиот рис. - Македонија, според препораките од меѓународните конвенции, се има обврзано дека процентот на…

Настани

Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта со активности во Преспа, 2015

Како и секоја година така и оваа, Рамсарската конвенција дава иницијатива за организирање различни активности во светски рамки, за одбележување на Светскиот ден на водните живеалишта - 2 февруари. Мотото на овогодинешната иницијатива беше „Водни живеалишта за нашата иднина“. МЕД се приклучи на иницијативата со интересна презентација за учениците од СОУ „Цар Самоил“ во Ресен. Целта на предавањето беше подигнување на свеста на младите за значењето и вредноста на водните живеалишта, но истовремено…

Настани

Европски денови за набљудување птици 2014 – истражување на Катлановско блато и забава во Зоолошката градина во Скопје

Викендот на 4 и 5 октомври низ цела Европа беше одбележан како ден за набљудување птици и 40 земји од Европа и Централа Азија организираа настани на кој се набљудуваше фасцинантната миграција на 2,5 милиони птици кон јужните места на кои ќе презимат. Од Португалија до Казахстан и од Малта до Норвешка над 23.000 луѓе учествуваа на 895 настани на кои се славеше природата. Во Македонија беа организирани два настана. Првиот беше теренско истражување на Катлановско блато кое е важна прелетна точка…

Настани

Светски ден на птиците преселници, 2014

Дојран – голем хотел за луѓе и птици! Група на средношколци од Дојран и околината заедно со заинтересираното локално население преку туристичка прошетка в недела на 11 мај ги набљудуваа птиците и научија нешто повеќе за значењето на птиците преселници. Настанот е дел од прославата на Светскиот ден на птиците преселници којшто се одбележува во мај осма година по ред. Преку него се истакнува потребата за заштита на птици преселници и нивните живеалишта. Годинава ќе се организираат над 200 јавни…

Настани

Трибина на тема „Деградација на реката Треска и нејзините притоки – закани и предизвици“, септември 2012

На 24 септември, во ОУ „Владимир Полежиновски” во Кичево, се одржа трибина на тема „Деградација на реката Треска и нејзините притоки – закани и предизвици”. Организатор на трибината беше здружението на граѓани Брждани 2010 како дел од предвидените активности на проектот „Заштита на автохтоната македонска пастрмка ( Salmo macedonicus ) во горниот тек на реката Треска”. Трибината имаше за цел да ја подигне јавната свест кај локалните чинители за заштита на животната средина и биодиверзитетот на…

Настани

Годишно собрание на МЕД 2013

On 12 th March 2013, in hotel Portal in Skopje, the Macedonian Ecological Society had its annual meeting. The society’s achievements in 2012 was presented at the meeting, with a special review of the IV Congress of Ecologists in Macedonia with international participation and the celebration of the society’s 40 the anniversary. In addition, the financial report for 2011 was presented and approved, and the program for the society’s 2013 activities was presented as well. На 12 март 2013 година, во…

Настани

МЕД го одбележа Денот на биодиверзитетот - 22 мај, 2013 година

Македонското еколошко друштво со изложба на детски цртежи, прикажување на документарни филмови за биодиверзитетот во Македонија како и саем на локални производи и храна го одбележа Светскиот ден за заштита на биолошката разновидност, во Отешево на Преспанското Езеро. Повеќе од 200 учесници, претставници на локалното население, ученици, професори од шесте училишта во регионот, претставници на владниот и невладин сектор, членови на МЕД и љубители на природата, заеднички го одбележаа овој настан.…

Настани

Едукативно предавање за крупните месојадни животни во Македонија

Во Едукативниот центар на Зоолошката градина – Скопје, на 15.09.2012 година се одржа предавање на тема: „Крупните месојадни животни во Република Македонија“. Предавањето беше наменето за деца до 10 - годишна возраст. Децата имаа прилика да научат нешто повеќе за рисот, мечката и волкот.

Настани