Прескокни до содржината

Вести

57 објави

Светски ден на водните живеалишта, 2017

Денес е Светски ден на водните живеалишта! Рамсарската конвенција секоја година го организира овој настан со различни активности и игри. Оваа година беа подготвени неколку пораки кои ни ги испраќа преку следното видео https://www.youtube.com/watch?v=dDnokfpEiz4 и еден интересен стрип ! МЕД го прослави овој ден со едукативен настан во Преспа. Заедно со децата од ОУ „Гоце Делчев“, ги проверивме нашите знаења за функциите на водните живеалишта преку интересен квиз и дознавме како не штитат од…

Настани

Ден на зелениот појас, Скопје 2017

На 24 септември 2017 во Градскиот парк, во кафулето „Центарал Парк“ - Скопје и околниот простор, се прослави „Денот на зелениот појас“, со низа активности и изложба на фотографии од зелениот појас во Македонија. МЕД преку интерактивни игри им помогна на најмладите да научат нешто повеќе за животот на рисот, инсектите, птиците и дрвјата. Нашата земја како дел од иницијативата „Европски зелен појас“ втора година по ред го одбележува овој значаен ден и ја подигнува свеста на граѓаните за богатите…

Настани

Петти конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид 2016 година

МЕД го одржа 5. Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, во периодот 19–22 октомври 2016 година во Охрид. На овој собир присуствуваа повеќе од 300 учесници и гости од 13 држави од Европа. Околу 250 учесници од регионот ги презентираа резултатите од своите научни истражувања кои ја тангираат еколошката наука и достигнувања во рамките на предвидените девет работни секции. Во рамките на Конгресот беа одржани и Округла маса за диверзитетот на домашни животни на Балканскиот…

Настани

Четврти конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид, 2012 година

Македонското еколошко друштво во сора­бо­тка со Македонското лимнолошко друштво го орга­низираше 4. Конгрес на еколозите од Македо­нија, со цел да се со­гле­даат достигнувањата во еколо­ги­ја­та во Ма­кедо­нија и другите земји во регионот, како и разме­на на иску­ства и знаење согласно ра­бот­ните услови на научни­ци­те и експертите на овој простор, но и јавниот инте­рес за подобра, почиста и поздрава жи­вотна средина. На Конгресот беа презентирани совре­ме­­ни­те научни сознанија на модерната…

Настани

Изложба и натпревар на детски цртежи на тема Шумите – чувари на природата

  Во рамките на 4 Конгрес на еколозите на Македонија се одржа и натпревар во детски цртежи на тема: Шумите - чувари на природата. Вкупно пристигнаа 289 цртежи од 15 основни училишта од државава. Од нив одбрани беа 40 цртежи, симболично, по повод 40 години од постоењето на Македонското еколошко друштво, од кои 4 се наградени, и тоа: - Александра Николовска VIII a ООУ „Мирче Ацев“ Скопје - Ангела Костова VIII 1 ООУ „Браќа Миладиновци“ Куманово - Сара Јовановиќ VII 2 ООУ „Браќа Миладиновци“…

Настани

Трети конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Струга, 2007 година

Третиот конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество беше одржан во Струга, во периодот од 6–9 октомври 2007 година. Конгресот воедно ја одбележа и 80-годишнината од животот и шеесет години активна научна работа на проф. д-р Љупчо Групче. Учесниците на Конгресот можеа да слушнат три пленарни реферати, а повеќе од 180 учесници ја презентираа својата научно-истражувачка работа. Од нив, вкупно 89 трудови се отпечатени во Зборник на трудови од 3. Конгрес на еколозите на Македонија со…

Настани

Втор конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид, 2003 година

Вториот конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество беше организиран и одржан во Охрид, во периодот 25–29 октомври 2003 година. Групирани во 9 работни еколошки секции, учесниците ги презентираа резултатите и научните достигнувања и тоа: Терестрични екосистеми; Акватични екосистеми; Зачувување на биодиверзитетот и геодиверзитетот; Агроекологија; Екологија на популации и биоценологија; Еколошки мониторинг; Загадување и заштита на животната средина; Еколошка едукација; и Учество на…

Настани

Прв конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Охрид, 1998 година

Првиот Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, беше организиран и одржан во Охрид, од 20-24 септември 1998 година. Пленарните предавања се објавени и отпечатени во Книга на пленарни реферати. Согласно темата и полето на истражување, учесниците преку своите трудови ги прикажаа резултатите и научните достигнувања групирани во 10 работни еколошки секции и тоа: Терестрични екосистеми, Акватични екосистеми, Биодиверзитет, негова заштита, унапредување и рационално искористување,…

Настани

Светскиот ден на птиците преселници и „Скопје сака птици“, 2017

Прослава по повод Светскиот ден на птиците преселници под наслов „Скопје сака птици“ се одржа на 14 мај 2017, со почеток во 12 часот во Градскиот парк. На овој ден со скопјани го прославивме пристигнувањето на птиците преселници и им посакавме успешно гнездење. Преку квизови, игри, креативни задачи и набљудување птици во срцето на Скопје се потсетивме дека и тие се жители на градот. Птиците преселници и луѓето ја делат истата планета, а со тоа и истите ограничени ресурси. Затоа годинешната тема…

Настани

Европски денови за набљудување птици, октомври 2016

Македонското еколошко друштво и европското семејство на амбасадори учествуваше во настанот кој обедини 20.000 учесници низ Европа - 5.8 милиони птици видени на миграција за време на Европските денови за набљудување птици. 24.115 луѓе учествуваа на годинешните Европски денови за набљудување птици, најголемиот „птичарски“ настан кој го организираа 40 национални партнери на BirdLife во Европа и Централна Азија. Македонското еколошко друштво беше домаќин на еден од организираните 1000 настани низ…

Настани

Ден на зелениот појас, Преспа 2016

На 24 септември 2016 година, на брегот на Преспанското Езеро се одбележа за прв пат Денот на зелениот појас. Градоначалниците на трите општини кои го делат преспанскиот регион - Општина Ресен (Македонија), Општина Пустец (Албанија) и Општина Преспа (Грција) го отворија настанот кој имаше едукативен и забавен карактер. Месното население од трите страни на Преспанското Езеро имаше можност да научи нешто повеќе за зелениот појас како и да ужива во традиционалната храна, музика и танци од регионот.…

Настани

Светски ден на водните живеалишта, 2016

Основците од целиот прекуграничен Преспа регион ни покажаа како изгледа влажното живеалиште низ нивните очи! По повод Светскиот ден на водните живеалишта, 2 февруари, децата од прекугранична Преспа, преку симболична активност го прикажаа нивниот свет во мало. Децата од основните училишта во трите земји направија три макети претставувајќи ја сопствената страна на водното живеалиште, со крајна цел спојување на трите макети, овозможувајќи им на децата да ни ја покажат Прекугранична Преспа како…

Настани