Skip to content

News

238 posts

Уште 10 нови платфoрми за царските орли од Овче Поле!

По втор пат годинава, МЕД во соработка со МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли ( Aquila heliaca ) во Овче Поле. Овој пат платформите беа поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Штип – Пробиштип, поконкретно на потегот Чардаклија – Стрмош, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи. На вториот ден од поставувањето на платформите за гнездење присуствуваа многу локални и национални…

Новости

Популаризација на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“ на локално ниво

Македонското еколошко друштво учествуваше на настанот (црковен собир) во Св. „Пантелејмон“, с. Пантелеј – Кочани. Во атарот на манастирот беше поставен панел за Осогово, каде заинтересираните посетителите имаа можност преку непосредни разговори со претставниците од МЕД да добијат повеќе информации за вредностите на Осогово и иницијативата за воспоставување на заштитено подрачје на Осогово. Поделени беа и промотивни материјали изработени преку проектот. Настанот беше масовно посетен од локалното…

Новости

Осоговскиот регион презентиран на саем на регионите од југоисточна Европа (ЕКСПО 2012)

Претставници од Македонското еколошко друштво учествуваа на ЕКСПО 2012 – Радовиш, саем на регионите од југоисточна Европа, кој се оддржа во Радовиш, од 7-9 јули 2012 година. За време на панел форумот за „Култура, соработка и туризам во југоисточна Европа “ како дел од саемот, од страна на МЕД беа презентирани природните и културните вредности на осоговскиот регион како основа за развој на туризмот во рамки на иницијативата за воспоставување на заштитено подрачје на Осоговските Планини. Од…

Новости

Волонтерите од Битола запознаа дел од растенијата на Пелистер

Дваесетина волонтери од Битола на 23 мај учествуваа на настанот „ Колку ги познавам растенијата на Пелистер “ организиран од МЕД и Младинскиот културен центар од Битола. Целта на настанот беше преку интерактивни игри и кратко предавање за флористичкото богатство на националниот парк „Пелистер“, младите да се запознаат со дел од растенијата кои се значајни за планината Баба. Оваа активност заврши со прошетка по шумската патека од Голема Ливада до планинарскиот дом Копанки, каде учесниците имаа…

Новости

Одржан состанок по повод овогодинешните теренски истражувања за проектот за разумно користење на природните ресурси во Западен Балкан

Mакедонското еколошко друштво организираше планирачки состанок по повод овогодинешните теренски истражувања во рамки на проектот за разумно користење на природните ресурси во Западен Балкан од 07 до 11 мај во Скопје. Целта на состанокот беше јасно дефинирање на методите и техниките за теренските истражувања кои треба да се направат летово во сите четири земји каде што се спроведува проектот „Улогата на природните ресурси во одржливото рурално живеење во Западен Балкан. Распределба и состојба на…

Новости

This Year’s Activities to Capture Lynx in the Jablanica, Bistra and Stogovo Mts. Concluded

The Balkan lynx team of MES, with the help of several dedicated volunteers, carried out activities for capturing lynx in the Jablanica, Bistra and Stogovo Mts. in the period from 26–30 April 2012. The operation also took place in 2010 and 2011, as part of the project Status, ecology and land tenure system of the critically endangered Balkan lynx Lynx lynx martinoi in Macedonia and Albania . Much like in 2010 and 2011, the team’s aim was to capture lynx to which they can put a GPS/GSM collar and…

Новости

МЕД заедно со ПК „Љуботен“ на традиционално кампување на Лешница

Планинарите од планинарското друштво Љуботен од Тетово и по трет пат волонтираа во рамките на проектот за промовирање на значајните растителни подрачја во Македонија. Околу дваесетина волонтери на 3 и 4 август 2012 година, учествуваа во акцијата за маркирање и чистење на една од патеките која во иднина ќе биде промовирана како една од неколкуте флористички патеки на Шара. Настанот заврши на 5 август со пречекување на останатите планинари и вљубеници во природа на местото на кампување. Тие имаа…

Новости

Царските орли од Овче Поле добија 10 платформи за гнездење!

Во периодот 4-8 јуни, МЕД и МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли (Aquila heliaca) во Овче Поле. Платформите се поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Скопје 4 – Дуброво, поконкретно на потегот Сојаклари – Караслари, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи. По серија консултативни состаноци помеѓу членовите на тимот од проектот „Процена на заканите за птиците во две значајни…

Новости

Одржан состанок на Координативното тело за управување со процесот на прогласување на заштитено подрачје на Осогово

На 18.05.2012 година, во Скопје, се оддржа состанок на Координативното тело за управување со процесот на прогласување на заштитено подрачје на Осогово. Целта на состанокот беше да се дефинира единствен модел на управувачко тело на предлог заштитеното подрачје на Осогово и детално да се рагледаат ставовите по однос на изработената студија за финансиска импликација за Управувачкото тело.

Новости

Планинарите во потрага по цвеќиња!

На 29 ти април 2013 година се одржа првиот од вкупно три настани на Шар Планина во склоп на проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја“. Настанот беше организиран во соработка со ПК „Љуботен“ од Тетово, а авантурата на групата планинари започна од с. Беловиште и заврши на Беловишки Водопад. Мотото на овој настан беше „ Пронајди го цвеќето “. Имено, пред групата планинари да започне со искачување кон водопадот, им беа поделени фотографии во боја од…

Новости

Учество на десетдневна обука во Англија и Холандија за привлекување и координирање со волонтери во склоп на проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја - IP

Пред почетокот на реализиција на планираните настани во трите избрани значајни растителни подрачја, во периодот од 17 до 27 април, четворица претставници од Македонија учествуваа на десетдневна обука во Англија и Холандија. Организацијата Plantlife International од Англија и Floron од Холандија беа домаќини и организатори на оваа обука. Главната цел на обуката беше воведување на учесниците од Македонија, Бугарија и Романија кон техниките за управување со волонтерските групи кои ќе учествуваат…

Новости

Проект за промовирање на Значајните растителни подрачја во Македонија

Како продолжение на проектот „Идентификација и заштита на значајните растителни подрачја (ЗРП) во Македонија“, кој МЕД го спроведуваше во периодот од 2007 до 2009 година, од февруари, 2012 година со времетраење од една година започнува проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја“. Идејата на проектот е да се формира т.н. ЗРП мрежа (IPAnet) која би опфаќала по три ЗРП од Македонија, Бугарија, Романија, Холандија и Англија. Преку организирање разни…

Новости