Skip to content

Учество на десетдневна обука во Англија и Холандија за привлекување и координирање со волонтери во склоп на проектот „Поврзување на луѓето и природата-вмрежување на значајните растителни подрачја - IP

adminНовости

Пред почетокот на реализиција на планираните настани во трите избрани значајни растителни подрачја, во периодот од 17 до 27 април, четворица претставници од Македонија учествуваа на десетдневна обука во Англија и Холандија. Организацијата Plantlife International од Англија и Floron од Холандија беа домаќини и организатори на оваа обука. Главната цел на обуката беше воведување на учесниците од Македонија, Бугарија и Романија кон техниките за управување со волонтерските групи кои ќе учествуваат на претстојните настани со цел промовирање на избраните значајни растителни подрачја (Јудови Ливади-Пехчево, Пелистер и Шар Планина). Пред сè, оваа обука опфати повеќе аспекти во поглед на ангажирање на волонтерите: како да се формираат групи од волонтери, инспирирање на волонтерите, раководење со волонтерските групи, смислување различни активности за волонтерите, feedback од волонтерите и сл. Овие теми беа покриени како теоретски, така и практично, преку директна посета на некои од значајните растителни подрачја во Англија каде на лице место се запознавме како волонтерите учествуваат  во управувањето и мониторингот на подрачјето.

Обуката исто така овозможи и многу битна можност за координаторите и волонтерите вклучени во овој проект да споделуваат меѓусебни идеи и да дискутираат за сите аспекти на овој проект: организирањето на самите настани; каква група на луѓе ќе опфатат; какви видови материјали ќе се продуцираат (на регионално и национално ниво), вклучувајќи го тука и специјалниот прирачник за волонтери наменет за овој проект; како проектните активности ќе бидат промовирани на различни начини итн.