Прескокни до содржината

Поставена информативна табла во Мариово!

ksenijaНовости

Денес во Мариово покрај Расим Бегов мост беше поставена информативна табла во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“ (LIFE16 NAT/BG/000874). Содржната на таблата е од едукативен карактер и содржи информации за екологијата, дистрибуцијата, интересни факти за египетскиот мршојадец, како и заканите со кои оваа птица се соочува.

Мариово со своите специфични географски и климатски карактеристики ги содржи можеби најсоодветните хабитати за опстанок на овој вид во Македонија, меѓутоа во исто време во овој регион се среќаваат најголем број на случаи со труење на мршојадци во државата. Имајќи ги во предвид овие информации, сметаме дека е од клучно значење токму во Мариово да се дејствува со едукација и подигање на јавната свест на локалното население.

Поставувањето на оваа табла е само една од низата активности кои ќе се спроведуваат во пределите каде се наоѓаат последните упоришта на овој значаен но и глобално загрозен вид.

За повеќе информации за овој проект и неговите достигнувања кликнете тука