Прескокни до содржината

Годишна средба на членовите на МЕД, Пехчево 2012

adminСредби на членови на МЕД

Членовите на Македонско еколошко друштво се собраа на годишна средба, која се одржа во Пехчево на 7 октомври 2012 година. Околу триесетина членови беа присутни и учествуваа во дискусија која беше покрената по презентираните најнови збиднувања, промени и идни планови поврзани со структурата на МЕД. Ова е прва средба од ваков карактер и МЕД ќе се потруди да ја одржи оваа практика и во иднина, со цел одржување на редовната комуникација помеѓу раководителите на одделните секции, Претседателството, како и самите членови.

По сесијата презентации и дискусија, членовите имаа прилика да уживаат во убавата природа на Малешевскиот регион.