Прескокни до содржината

Програма за искуствено учење за квалитет на воздух на Mрежата за искуствено учење

adminМрежа за искуствено учење

Развојот на образовна програма за загадување на воздухот во Северна Македонија, е во согласност со иницијативата на УНИЦЕФ, да се обезбеди пристап за сите деца, промовирајќи партиципативно учење и интердисциплинарни пристапи, и вклучување на засегнатите страни и заедницата. Развивањето инклузивна наставна програма за проблемите, но и нивно интегрирање во наставата за квалитетот на воздухот во постоечките објекти, ќе им овозможи на учениците преку искуствено учење да стекнат различни навики, да се зближат со природата и животната средина и да формираат поинакво чувство на одговорност за нивно зачувување.

Предложените активности ќе се имплементираат во партнерските организации на Мрежата за искуствено учење - МИУ и ќе бидат дел од втората годишна образовна програма на Мрежата. Блиску до природата и во различно опкружување, активностите ќе овозможат проширување на образовните активности на децата, менување на перцепцијата за природата, постоечките односи и интеракции, постоечките притисоци на животната средина со фокус на квалитетот на воздухот.

Проектот ќе го спроведува МЕД во рамките на МИУ во периодот ноември 2023 – август 2024 година, а е во координација на УНИЦЕФ, со обезбедена финансиска поддршка од Шведска.