
Донаторска акција на МЕД: Заедно со граѓаните можеме да обезбедиме сигурен дом за модровраната!
Во тек е акцијата на Македонското еколошко друштво за зајакнување на овдешната популација на модроврани преку изработка и поставување куќарки.
712 објави

Во тек е акцијата на Македонското еколошко друштво за зајакнување на овдешната популација на модроврани преку изработка и поставување куќарки.

Македонското еколошко друштво достави коментари и предлози на нацрт-законот за природата, објавен на ЕНЕР, поздравувајќи го процесот за донесување на нов закон како можност за унапредување на системот за заштита на природата. Ова е важен процес, особено ако се земе предвид дека Законот за заштита на природата е донесен во 2004 година, а во меѓувреме се менуваат предизвиците со кои се соочува природата и политиките за нејзино зачувување. За МЕД, новиот закон е можност да се постави…

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Иницијатива за зелена и сина Преспа: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај ( Sideritis raeseri ) на планината Галичица и прилагодување на мониторинг…

Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“ , покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот низ Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 % од европскиот континент, површина речиси шест пати поголема од таа што моментално ја заземаат, се предвидува во студијата која обедини истражувачи од 13 европски земји, меѓу кои и д-р…

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Целосно закрепнување на популацијата на белоглавиот мршојадец на Балканскиот Полуостров и создавање одржливи капацитети за заштита на мршојадците низ целиот регион“ (Проект 101215506 — LIFE24-NAT-NL-LIFE Balkan GriffON), проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво, објавува јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило…

Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро е веќе отпочнат мониторингот на повеќе видови птици, вклучувајќи ги големиот…

Над 50.000 записи брои апликацијата ptici.mk, којашто ја претставивме пред две години, со идеја да го поддржиме растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици и така да придонесеме кон унапредувањето на граѓанската наука. Ова значи дека над 50.000 пати се внесени сегрегирани податоци за набљудуваните птици кај нас, но и дека сите тие информации се „видливи“ многу пошироко со оглед на тоа што платформата ptici.mk е целосно интегрирана во Европскиот портал на птици . Во светот…

Во периодот од 16 до 18 мај, Македонското еколошко друштво го одржа второто издание на „Едукативниот камп Дојран“во рамки на проектот „Заштита и ревитализација на Медитеранските влажни зони“ – PROZHUM. Кампот обедини 33 средношколци, од кои дел веќе учествуваа на првото издание, а речиси половина од нив учествуваа за прв пат во ова теренско едукативно искуство. Во текот на трите дена, Дојран беше училница на отворено во која младите ја истражуваа природата на различни локалитети и се запознаваа…

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Намалување на ризикот од смртност кај глобално загрозените птици преку реновирање на опасните надземни далекуводи во Југоисточна Европа“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во партнерство со ЕВН Македонија АД Скопје, објавува јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала. За таа…

Кон крајот на април, во Скопје го организиравме завршниот настан на проектот „Балкан Детокс“ (LIFE19 GIE/NL/001016), којшто го отпочнавме во 2020 година заедно со 7 други партнери од регионот и Фондацијата за заштита на мршојадци и со поддршка од програмата LIFE на Европската Унија, со главна цел да го сопреме поставувањето на отровни мамки за диви животни. Отровните мамки претставуваат сериозна закана за дивиот свет во Македонија. Нелегалното труење веќе предизвика целосно истребување на…

Повик за аплицирање Прекугранична летна школа 2026 во Преспа – за студенти и млади еколози Традиционално знаење и современи еколошки практики 27 – 31 јули 2026 | Отешево, Преспа, Македонија Краен рок за аплицирање: недела, 21 јуни 2026 Ги покануваме младите еколози од Македонија, Албанија и Грција да ја истражат и доживеат уникатната природа во регионот на Преспанските Езера на Прекуграничната летна школа 2026 во Преспа, организирана од Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со…

Прекуграничното управување и зачувување на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка е главната цел на новиот европски проект LIFE DinPin Bear (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048), којшто до 2031 година ќе го спроведуваат дури девет европски држави, вклучително и Македонија, под водство и координација на германската организација „ЕуроНатур“. Токму затоа, Македонското еколошко друштво (МЕД) и Министерството за животна средина и просторно планирање беа меѓу речиси 50 учесници од 21…