МЕД Преспа
Преспанскиот регион е едно од подрачјата каде МЕД со години активно работи — преку теренски истражувања, едукативни активности со училиштата и соработка со локалните заедници се грижиме за исклучителните природни вредности на Преспанското Езеро и неговата околина.
МЕД е дел од ПреспаНет — мрежа на еколошки организации од трите земји што го делат Преспанското Езеро. Мрежата спроведува бројни прекугранични активности, со посебен акцент на едукацијата, и работи на промоција и заштита на природните вредности на целиот Преспански регион.
Повеќе за работата на мрежата има на prespanet.org, а вестите поврзани со Преспа се објавуваат во нашиот блог.