Прескокни до содржината

Проф. д-р Љупчо Меловски

Научник, професор и долгогодишен претседател на МЕД

Проф. д-р Љупчо Меловски беше научник, професор и голем вљубеник во планините — човек со уникатна страст за заштита на природата, од кого учеа многу млади еколози и кој даде исклучителен придонес за развојот на еколошката наука во Македонија.

Беше и долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, а неговото име денес го носи Програмата за поддршка на млади еколози.

Меморијален марш „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“ — планинари на врвот Китка

Наследство

Во негово сеќавање, секоја година МЕД во соработка со Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово организира меморијален марш „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“ — искачување до врвот Китка, една од првите планини што ги посетил и планината на која го заврши својот животен пат.

Неговото име го носи и Програмата за поддршка на млади еколози на МЕД, чиј иницијатор беше тој во 2009 година.

Вести поврзани со проф. Меловски и програмата →