Прескокни до содржината

Ги заштитуваме природата и животната средина

Македонското еколошко друштво е здружение на граѓани кое од 1972 година работи на проучување и заштита на природата во Македонија — преку наука, едукација и граѓанска вклученост.

Актуелно

Вести и настани од работата на МЕД

8 резултати

Македонското еколошко друштво достави предлози за унапредување на новиот Закон за природа

Македонското еколошко друштво достави коментари и предлози на нацрт-законот за природата, објавен на ЕНЕР, поздравувајќи го процесот за донесување на нов закон како можност за унапредување на системот за заштита на природата.   Ова е важен процес, особено ако се земе предвид дека Законот за заштита на природата е донесен во 2004 година, а во меѓувреме се менуваат предизвиците со кои се соочува природата и политиките за нејзино зачувување. За МЕД, новиот закон е можност да се постави…

Новости

Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Иницијатива за зелена и сина Преспа: Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и НП Галичица, објавува Повик за прибирање на понуди за експертска поддршка за испитување на бројноста на охридскиот чај ( Sideritis raeseri ) на планината Галичица и прилагодување на мониторинг…

Новости

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од Македонското еколошко друштво

Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“ , покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот низ Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 % од европскиот континент, површина речиси шест пати поголема од таа што моментално ја заземаат, се предвидува во студијата која обедини истражувачи од 13 европски земји, меѓу кои и д-р…

Новости

Јавен повик бр. 03/2026 за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило со погон на сите четири тркала

Договорниот орган Македонско еколошко друштво (МЕД), преку проектот: „Целосно закрепнување на популацијата на белоглавиот мршојадец на Балканскиот Полуостров и создавање одржливи капацитети за заштита на мршојадците низ целиот регион“ (Проект 101215506 — LIFE24-NAT-NL-LIFE Balkan GriffON), проект за надворешни активности на Европската Унија, спроведуван од Македонско еколошко друштво, објавува јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на патничко моторно возило…

Белоглав мршојадец

Во полн ек се теренските истражувања на дивиот свет во Преспа

Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро е веќе отпочнат мониторингот на повеќе видови птици, вклучувајќи ги големиот…

Новости

Апликацијата ptici.mk надмина 50.000 записи!

Над 50.000 записи брои апликацијата ptici.mk, којашто ја претставивме пред две години, со идеја да го поддржиме растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици и така да придонесеме кон унапредувањето на граѓанската наука. Ова значи дека над 50.000 пати се внесени сегрегирани податоци за набљудуваните птици кај нас, но и дека сите тие информации се „видливи“ многу пошироко со оглед на тоа што платформата ptici.mk е целосно интегрирана во Европскиот портал на птици . Во светот…

Новости

Училница во природа: Заврши вториот едукативен камп во Дојран на Македонското еколошко друштво

Во периодот од 16 до 18 мај, Македонското еколошко друштво го одржа второто издание на „Едукативниот камп Дојран“во рамки на проектот „Заштита и ревитализација на Медитеранските влажни зони“ – PROZHUM. Кампот обедини 33 средношколци, од кои дел веќе учествуваа на првото издание, а речиси половина од нив учествуваа за прв пат во ова теренско едукативно искуство. Во текот на трите дена, Дојран беше училница на отворено во која младите ја истражуваа природата на различни локалитети и се запознаваа…

Новости

Биди во тек со природата

Уште од 2006 година МЕД издава информатор за своите членови, а денес новостите ги споделуваме електронски. Пријави се за е-билтенот и добивај вести за проектите, повиците за волонтери и грантови и настаните на Друштвото.

Претплати се

Настани

Теренски истражувања, работилници и јавни настани — прегледај го календарот на активности на МЕД и пријави се на некоја од нив.

Види настани

Граѓанска наука

Набљудувањата од граѓаните им помагаат на нашите истражувачи да ја следат состојбата на дивите видови и нивните живеалишта. Зимскиот цензус на водни птици е само еден пример за граѓанска поддршка на науката — приклучи се и ти.

Прочитај Повеќе

Сакаш да нè поддржиш?