Skip to content

News

475 posts

Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас

Времетраење: 2007 – 2011 Финансиер: Франкфуртското зоолошко друштво (FZS), Германија, Про Натура, Швајцарија Партнери: Бугарска фондација за биодиверзитет (BBF) Цел на проектот: идентификација на природните вредности на Осоговските Планини и создавање на услови за ефективно зачувување на биодиверзитетот и одржлива употреба на природните ресурси во регионот на Осоговските Планини преку основање на прекугранично заштитено подрачје со помош на локалните заедници. Постигнати резултати: Главниот…

Завршна работилница - проект „Крилја преку Балканот“

Во периодот од 8 до 12 ноември 2011 година, во хотел Оаза, Штип ќе се одржи завршна работилница во рамки на проектот „Крилја преку Балканот“. Целта на завршната работилница е да се презентираат и промовираат досегашните резултати достигнати во рамките на проектот од сите парнерски организации вклучени во негова реализација, да се одредат понатамошните насоки за работа кон остварување на ефикасна заштита на птиците и природата преку остварување соработка меѓу регионалните организации, Euronatur…

Новости

Придружете ни се во прославата на светските денови на птиците преселници

Прославата на светските денови за миграторните видови птици започна во 2006 година, како годишна кампања за подигање на свеста и нагласување на потребата од заштита на миграторните видови птици и нивните живеалишта, организиран од Програмата за животна средина на Обединетите Нации. По тој повод, секој втор викенд од месец мај, луѓето низ светот организираат јавни настани како фестивали, едукативни програми и екскурзии за набљудување птици. По втор пат годинава Македонското еколошко друштво се…

Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН)

Времетраење: 2008 – 2011 Финансиер: Министерството за земјоделство, природа и безбедност на храна и Министерството за надворешни работи од Холандија, BBI Matra фонд Партнери: Европскиот центар за зачувување на природата (ECNC) од Холандија со поддршка од Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија Цел на проектот: Да се развие национална еколошка мрежа во Македонија (МАК – НЕН) како дел од Пан-европската еколошка мрежа (PEEN) Резултат од проектот: Kартата на…

Одбележување на Светските денови на птиците преселници во Македонија, 2010

Одбележувањето на деновите на птиците преселници на 8 - 9 мај во дворот на градска библиотека Браќа Миладиновци наиде на значаен интерес од случајните минувачи и од директните учесници кои дадоа придонес кон оваа прослава. Меѓу посетителите најбројни беа децата кои земаа директно учество во креативните работилници по свој избор. Генерално најголем интерес покажаа за решавање на квизот на тема "Миграција - што е тоа? " и изработка на цртежи. Сите директни учесници добија пофалница за покажаната…

Европски денови на набљудување на птиците (Eurobirdwatch 2009)

Што е Eurobirdwatch? Насекаде низ Европа, во првиот викенд на октомври, години наназад, се одбележуваат денови на набљудување на птиците, организирани од Birdlife International. Ова е дел од World Birdwatch, глобална иницијатива, започната пред 10 години, чија цел е инволвација на што е можно повеќе луѓе во набљудување птици, на барем еден викенд во годината и собирање на што поголем број податоци од набљудувања. Повеќе информации за ова на веб страната: www.vogelbescherming.nl/ebw09…

Идентификација на значајни растителни подрачја во Македонија

Времетраење: 2007–2009 г. Финансиер: Фондација МАВА Партнери: PlantLife International Цел на проектот: Програмата за Значајни растителни подрачја (ЗРП) беше имплементирана во државите од Југоисточна Европа, а националниот партнер од Македонија беше Македонското еколошко друштво. Проектот беше реализиран во две фази: - Идентификација на значајните растителни подрачја во Македонија и собирање на теренски информации за нивните ботанички карактеристики, статус на заштита, управување, употреба на…