Поставување на фото-замки „Пелистер 2014“
Тимот за истражување на балканскиот рис од Македонско еколошко друштво во соработка со ренџерите од Националниот парк Пелистер и ловочуварската служба на здружението на ловџии Преспа - Ресен минатата недела поставија 24 фото-замки на различни локации во НП Пелистер и во две соседни ловишта на преспанската страна од планината Баба. Фото-замките се поставени со цел – истражување на балканскиот рис и неговиот плен на планината Баба во склоп на Програмата за закрепнување на балканскиот рис…
