Skip to content

News

475 posts

Во подножјето на Осогово – и лично и различно, во селото на штрковите!

Неделата, на 22 јуни 2014 година, во селото на штрковите Чешиново, се одржа уште еден настан за промоција на осоговскиот регион. Ова е продолжение на настанот за промоција на Осогово, кој се одржа на Пониква, минатата година. Овој пат, имаше две велосипедски тури, од Пробиштип и Кочани, кои се сретнаа во селото Рајчани, од каде продолжија до собирот во Чешиново. Во селото на штрковите, под најголемото гнездо на штрк во Македонија, имаше околу 150 луѓе од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип,…

Новости

Осогово на дланка во селото на штрковите

Се одржа првиот настан од проектот “ Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија ” кој Македонското еколошко друштво (МЕД) го спроведува во соработка со неколку општини од подножјето на Осогово (Чешиново-Облешево, Кочани и Пробиштип) и локални здруженија на граѓани од пределот.

Новости

Прв промотивен настан на Значајното растително подрачје Осогово

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со неколку општини од подножјето на Осогово (Чешиново-Облешево, Кочани и Пробиштип) и локални здруженија на граѓани од пределот го спроведуваат проектот “ Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија ” . Во склоп на проектот, МЕД во соработка со горенаведените институции и организации ќе спроведе 3 настани. Првиот настан ќе биде во ко-организација со општината Чешиново-Облешево и ќе обедини…

Новости

Трета работилница за традиционално користење на природни ресурси - пишување и управување со проекти

Македонско еколошко друштво на 3 јуни 2014 година ја организираше Третата работилница за традиционално користење на природни ресурси – подготовка и управување со проекти во Струга. Оваа работилница се организираше во рамки на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија на Европската Унија, којшто Македонското…

Новости

Едукативен пикник – „Да се запознаеме со природните вредности на Јабланица“

Македонското еколошко друштво заедно со Локалната агенција за развој на Струга на четврти jуни 2014 година организираше едукативен пикник за најмладите од Општина Струга и Општина Вевчани под мотото „Да се запознаеме со природните вредности на Планината Јабланица“. 30-ина ученици од основните училишта во Струга и Вевчани преку едукативни игри се запознаа со природните ресурси на Јабланица во Еко инкубаторот во Струга, а потоа преку прошетка во Општина Вевчани најмладите на непосреден начин се…

Новости

Работилница „Од идеја до успешен проект‘‘

Македонското еколошко друштво, во рамките на проектот “Програма за закрепнување на балканскиот рис” организираше еднодневна работилница-обука на тема “Од идеја до успешен проект”. Работилницата се одржа на 29ти мај во СОУ “Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар. На работилницата присуствуваа 22 учесници од 14 различни организации/институции од општините Демир Хисар, Кичево, Охрид и Струга. Целта на работилницата беше учесниците да се обучат како своите идеи, поврзани со заштита на природата,…

Новости

Македонскиот дел од Осогово сеуште нема забележано мечка или рис

Во периодот ноември 2013 – април 2014 година, на Осогово беше спроведена уште една сесија од мониторингот на целни видови (крупни цицачи) со методот на поставување фотозамки. Во активноста голем придонес дадоа членовите на ловните друштва и шумските стопанства од Кратово, Крива Паланка, Македонска Каменица и Кочани, со чија помош, МЕД постави и контролираше 12 камери во регионот. Една од камерите не беше најдена при проверките, што беше пријавено во надлежните институции. На снимените…

Новости

Клучни закани за птиците преселници во Медитеранот – размена на искуства

Во Никозија минатата недела под покровителство на BirdLife Кипар се одржа работилница на која земјите кои се дел од Медитеранските прелетни патишта разменуваа искуства за намалувањето и елиминирањето на заканите за птиците преселници. Оваа работилница произлегува од работата на заедничкиот проект за Градење на капацитети за зачувување на прелетните патишта на Медитеранот на осум земји (Турција, Либан, Кипар, Малта, Македонија, Црна Гора, Мароко и Тунис). Работилницата обедини и други…

Новости

Светски ден на птиците преселници, 2014

Дојран – голем хотел за луѓе и птици! Група на средношколци од Дојран и околината заедно со заинтересираното локално население преку туристичка прошетка в недела на 11 мај ги набљудуваа птиците и научија нешто повеќе за значењето на птиците преселници. Настанот е дел од прославата на Светскиот ден на птиците преселници којшто се одбележува во мај осма година по ред. Преку него се истакнува потребата за заштита на птици преселници и нивните живеалишта. Годинава ќе се организираат над 200 јавни…

Светски ден на птиците преселници 2014 - Дојран

Најдобрата прослава на Светскиот ден на птиците преселници досега. Благодарност до Дојран, дојранчани, птиците и волонтерите од регионот. Фотографии: Ксенија Путилин The best World Migratory Bird Day celebration so far. Thanks to Dojran, the locals, the birds and the volunteers.   Photos by: Ksenija Putilin

Дојран – голем хотел за луѓе и птици

11 мај (недела) 10 ч., Стар Дојран. Група на средношколци од Дојран и околината заедно со заинтересираното локално население преку туристичка прошетка в недела на 11 мај ќе набљудува птици и ќе научи нешто повеќе за значењето на птиците преселници. Настанот е дел од прославата на Светскиот ден на птиците преселници којшто се одбележува во мај осма година по ред. Преку него се истакнува потребата за заштита на птици преселници и нивните живеалишта. Годинава ќе се организираат над 200 јавни…

Новости

Птиците и ветерните електрани – преглед на домашните и странските искуства и идни насоки за меѓусекторска соработка

Македонско еколошко друштво (МЕД) ја презема иницијативата ја организирање на работилница на која по втор пат се сретнаа заинтересираните страни во областа на развој на обновливи енергии и нивното влијание врз биолошката разновидност, а најмногу врз птиците. Работилницата се одржа на 15 април во Скопје. Целта на оваа работилница беше размената на искуства од оваа област на сите заинтересирани страни и разгледување на можностите за одржување на понатамошна комуникација во прилог на успешни…

Новости