Skip to content

News

475 posts

Европски денови за набљудување птици 2014 – истражување на Катлановско блато и забава во Зоолошката градина во Скопје

Викендот на 4 и 5 октомври низ цела Европа беше одбележан како ден за набљудување птици и 40 земји од Европа и Централа Азија организираа настани на кој се набљудуваше фасцинантната миграција на 2,5 милиони птици кон јужните места на кои ќе презимат. Од Португалија до Казахстан и од Малта до Норвешка над 23.000 луѓе учествуваа на 895 настани на кои се славеше природата. Во Македонија беа организирани два настана. Првиот беше теренско истражување на Катлановско блато кое е важна прелетна точка…

Open Call for Small Grants projects for Mount Jablanica

The Macedonian Ecological Society will officially announce a Call for Small Grant Projects on the 2 October in Struga. The project proposals should be focused on the natural values of Jablanica Mountain and sustainable use of the natural resources. The deadline for submission of the project proposals is 15 November. More information on the application are available here .

Новости

MES presents their project for the Jablanica-Shebenik mountain range in the IPA Fair in Tirana

The Macedonian Ecological Society participated in the IPA Fair Programme for Cross-border Cooperation between Macedonia and Albania, held on the 23 September in Tirana. MES presented their promotional materials, goals and activities within the project “Enhancing Transboundary Protection and Development of the Jablanica-Shebenik Mountain Range by Active Local Involvement” together with PPNEA, their partner organisation in Albania. A significant number of projects funded by the IPA Programme for…

Новости

Едукативен еколошки камп – Пелистер 2014

Членовите на Еко клубот во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) Битола имаа шанса да учествуваат на првиот Едукативен еколошки камп одржан на Пелистер во периодот од 12 до 14 септември. Кампот беше насочен кон запознавање на идните активисти од Битола со биолошката разновидност на Националниот парк Пелистер а особено со значајните растителни видови. За таа цел беа организирани ботанички теренски истражувања на кои учесниците собираа фотографски материјали за анализа. Дополнително учесниците на…

Новости

Дивите билки од мојот крај - изложба на учениците од подрачјето на Илинска-Плакенска Планина

Изложбата „Дивите билки од мојот крај“ во организација на Арт Поинт Гумно беше отворена во Слоештица во рамките на проектот „Поврзување на луѓето со природата“. Автори на уметничките дела се учениците од ОУ „Гоце Делчев‟ од Демир Хисар и ОУ „Браќа Миладиновци‟ од с. Жван. Оваа изложба е производ на соработката со Македонското еколошко друштво (МЕД) со чија поддршка беа одржани иницијалните едукативни презентации. Делата на учениците се импресии од дивите растенија од нивниот регион. Покрај…

Новости

30-ина студенти беа гости во НП Јабланица-Шебеник, Албанија - Летен студентски камп во Фуш Студен, Албанија

30-тина студенти од Македонија и од Албанија од 24-30 август 2014 година во Фуш Студен, Албанија учествуваа на летен студентски камп организиран во рамки на ИПА прекуграничниот проект „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник, преку активна вклученост на локалното население“. Студентите имаа можност во текот на седумдневниот камп да се запознаат со природните вредности на Националниот Парк Јабланица-Шебеник, како и да научат нешто повеќе за…

Новости

Планинарско-ботаничка тура Лешница - промоција на флората на Шар Планина

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово го одржа првиот настан за промоција на Значајното растително подрачје Шар Планина како дел од проектот “Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија”. Овој настан беше дел од традиционалната планинарска тура Лешница кој оваа година се одржуваше по 60 пат. На третиот и последен ден од турата беше организирана планинарско-ботаничка тура на која…

Новости

Објавена новата Црвена листа на загрозени видови птици на IUCN

Црвената листа на загрозени видови на IUCN сега има 361 нови видови на птици кои претходно се сметале за подвидови. Нивниот статус го оцени BirdLife International и дојде до загрижувачкиот заклучок дека над 25% од овие новопризнаени видови на птици се оценети како загрозени според Црвената листа на IUCN, со што тие стануваат итни приоритети за зачувување. Така на пример, досега се препознаваше само еден вид на ној и тој беше оценет како незасегнат. Но, сомалискиот ној Struthio molybdophanes ,…

Новости

Повик за еколошки летен тренинг камп

Еколошки камп за студенти од 24-30 август 2014г. во НП Јабланица-Шебеник во Албанија Македонско еколошко друштво во рамки на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник, преку активна вклученост на локалното население“ организира еколошки летен тренинг камп во Националниот Парк Јабланица-Шебеник во Албанија од 24-30 август 2014 година. Целта на кампот е учесниците да научат нешто повеќе за одржливото користење на природните ресурси, да се…

Новости

Спроведена обука за сертификација на шуми во Ќустендил

Македонското еколошко друштво заедно со партнерите од Бугарија, Бугарската фондација за биоразнообразие, во рамките на Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас организираше обука за сертификација, зачувување, одржливо искористување и управување со шумите во Ќустандил, на која присуствуваа дваесетина учесници од двете држави од шумските стопанства, ЈП Македонски шуми, Шумарските факултети од Скопје и Софија, Дирекцијата за управување со горите на Бугарија, додека претставниците од…

Новости

Поддршка од локалните власти на Струга и Вевчани за идно прекугранично заштитено подрачје Јабланица-Шебеник

Градоначалниците на Струга и Вевчани, како и на општините од Албанија, Либражд, Стеблева, Луник и Рајца ја поддржуваат иницијативата планинскиот масив Јабланица - Шебеник да се прогласи за прекугранично заштитено подрачје. Тие оваа поддршка ја изразија и формално, потпишувајќи писмо за поддршка во кое изразуваат волја да се зголеми соработката на планинскиот масив Јабланица-Шебеник се со цел зачувување на природните ресурси, развој на еко туризмот и одржлив развој во регионот. - Доколку…

Новости

Две работилници во Овче Поле и Пелагонија на тема „Птиците и одржливите земјоделски пракси – преглед на домашни и странски искуства“

Во рамките на проектот „Развој на капацитети за заштита на преселните патишта на птиците во Медитеранот “, организираше две еднодневни работилници на тема „Птиците и одржливите земјоделски пракси – преглед na домашни и странски искуства“ во два од најзначајните земјоделски региони во Македонија – Овче Поле и Пелагонија Целта на овие работилници беше поставување на добра платформа за размена на искуства меѓу сите заинтересирани владини институции, локални организации и агенции за рурален развој,…

Новости