Skip to content

News

475 posts

Кампања FUTUREISCLEAN

Македонското еколошко друштво се приклучи кон меѓународната кампања FUTUREISCLEAN, која се заснова на идејата за користење на алтернативни, чисти видови на енергија, првенствено сончевата. На почеток на месец декември оваа година, светските лидери ќе се сретнат во Париз на Конференцијата на UN за климатски промени (COP21), за да одлучуваат за новиот договор за климатските промени. Одлуките кои ќе бидат донесени на оваа Конференција ќе влијаат на иднината на нашата планета. Целта на оваа Кампања…

Новости

Светските денови за птици преселници, 2015

МЕД организираше посета на гнезда на штркови кои се поставени на електрични столбови во Јужна и Источна Македонија, со цел да процени дали истите се сигурни и за птиците и за електричната мрежа. Овие активности беа остварени во викендот на 9-10 мај, со цел обележување на Светските денови за птици преселници.

Отворање на првата стрип изложба во МКЦ во Битола

Во рамките на проектот Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија на 7 мај 2015 година беше отворена првата стрип изложба во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Битола. Стрипот настана како идеја на еко-клубот кој работи во МКЦ Битола и Македонското еколошко друштво. Темата на стрипот беше инспирација од кампот за еколошки мониторинг кој МКЦ и МЕД заеднички го организираа во Националниот парк Пелистер а на кој членовите од еко-клубот ги…

Новости

6 May is Stork Day in Cheshinovo-Obleshevo!

The youth of the Municipality of Cheshinovo-Obleshovo celebrated Stork Day on 6 May with educational games on stork migration and art workshops. Furthermore, the Municipality has decided to continue celebrating Stork Day in the future by organising annual celebrations within the municipality. So far, MES has organised educational activities throughout the schools in the municipality and hence has encouraged children to explore the life of the stork, which stands as a symbol of their area. As a…

Новости

Прекуграничен саем за добри практики – завршен настан на ИПА проектот за планинскиот масив Јабланица-Шебеник

Со саем на еколошки производи од пограничните општини во Македонија и Албанија, традиционална музика, видео презентации и традиционална храна беше заокружен прекуграничниот ИПА проект „Подобрување на прекуграничната заштита и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“ на 16 април 2015 година во Струга. МЕД заедно со ППНЕА од Албанија и Еуронатур од Германија го спроведуваше овој проект вкупно 20 месеци во шест погранични општини во Македонија…

Новости

Ехо од Дрим

Трилогија на кратки филмови за природните убавини, значењето и заканите на дримското сливно подрачје. Прв дел - Шепотот на водата Втор дел - Одблесок на животот Трет дел – Влијание на човекот Во продолжение можете да ги погледнете видеата: Оваа активност е дел од проектот “Во соживот со реката Дрим” ( http://act4drin.net/ ), во кој Македонското еколошко друштво е вклучено преку проектот “Вода за езерата, блатата, изворите и луѓето на планината Јабланица”. Проектите се финансиски овозможени од…

Новости

Bythinella melovskii – нов вид на слатководен полжав за Р. Македонија

Во рамки на проектот „Вода за езерата, блатата, изворите и луѓето на планината Јабланица”, при анализата на макроинвертебратните видовиво водните живеалишта, идентификуван е нов таксон од класата на гастроподните животни. Станува збор за видот Bythinella melovskii, идентификуван во мал извор во близина на Беличка река. Видовите од овој род, населуваат извори, а поретко се среќаваат во подземните води и длабоките зони на езерата. До сега, за земјите од Западен Балкан (Хрватска, Црна Гора и…

Новости

Шар Планина заслужува да биде национален парк но локалното население треба соодветно да се информира за бенефитите од идно заштитено подрачје

Македонското еколошко друштво во соработка со Институтот за развој на заедницата од Тетово организираше трибина по повод повторно актуелната иницијатива за прогласување на Шар Планина за национален парк на тема „Зошто Шар Планина заслужува да биде национален парк?“. Оваа трибина беше одржана во рамки на компонентата за заштитени подрачја од тековниот проект Програма за закрепнување на балканскиот рис. - Македонија, според препораките од меѓународните конвенции, се има обврзано дека процентот на…

Events

Го славиме првиот ден од пролетта со отворање на изложбата „Дивите билки од мојот крај“

Во сабота, 21 ви март„ со почеток во 12:00 часот (на пладне), во галеријата на домот на културата „Григор Прчичев“ во Охрид, ќе биде отворена изложбата : „ДИВИТЕ БИЛКИ ОД МОЈОТ КРАЈ“. Се работи за оригинална, патувачка поставка на цртежи, хербариуми и фотографии изработени од волонтери (деца од основни училишта, планинари и рекреативци, собирачи на диви билки и ентузијасти), сите обединети во проектот: „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во…

Новости

Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта со активности во Преспа, 2015

Како и секоја година така и оваа, Рамсарската конвенција дава иницијатива за организирање различни активности во светски рамки, за одбележување на Светскиот ден на водните живеалишта - 2 февруари. Мотото на овогодинешната иницијатива беше „Водни живеалишта за нашата иднина“. МЕД се приклучи на иницијативата со интересна презентација за учениците од СОУ „Цар Самоил“ во Ресен. Целта на предавањето беше подигнување на свеста на младите за значењето и вредноста на водните живеалишта, но истовремено…

Одржана јавна презентација на едукативните активности спроведени во Кочани

При крајот на минатата година беа спроведени едукативни активности за вредностите на букова шума, за петоодделенците од кочанските основни училишта „Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“. После предавањата и игрите за деца во училниците, децата беа и на настава во природа на Пониква, каде ја поминаа едукативната „Патека на клукајдрвчето“. Истиот ден кога беше официјално „отворена“ Патеката на клукајдрвчето, се одржа и промотивниот настан Осогово и лично и различно, каде осоговските невладини…

Новости

Five small grants projects for the promotion and protection of the natural resources of Mount Jablanica commence implementation

On 17 February in Vevchani, small grants recipients for projects implemented on Mount Jablanica signed agreements with Macedonian Ecological Society. The organisations will start their activities in March and will last until September 2015. Activities in promotion and protection of the natural resources on Mount Jablanica will be conducted by the Municipality of Vevchani, Soroptimist from Struga, Mountaineering Society of Zakamen, Lekofarm and the NGO Enhalon, all from Struga. The Call for…

Новости