
Спроведени кампови за следење на миграција на птиците на Дојранско езеро и на Илинска Планина
Во периодот од 24-27 август и 10-13 септември годинава се одржаа два кампа за следење на миграција на птиците на Св. Илија, Илинска Планина и над Ачикот на Дојранско езеро, соодветно. На кампот учествуваа волонтери на МЕД чија задача беше непрекинато да набљудуваат птици кои мигрираат назад кон своите зимски престојувалишта. Од двата кампа беа забележани неколку случаи на миграција на птиците, но без поголем интензитет и бројност. Оваа активност, годинава беше вклучена како активност во склоп…
