Придружете ни се во јубилејното зимско пребројување на птиците!
Годинава цензусот слави златна годишнина - 50 години! Земјите кои припаѓаат на Афричко-евроазискиот миграторен пат ќе ги бројат водните птици во средина на месец јануари. Придружете ни се и нас да ги изброиме птиците кои доаѓаат на езерата, акумулациите и другите влажни станишта во Македонија. Распоредот за овогодинешниот цензус во Македонија е следниот: - Преспанско езеро, 16ти јануари - Охридско езеро, 17ти јануари - Велешко езеро, влажни станишта околу Ќоселари и Кучичино, брана Мантово,…




