
ГИНКО - ЕМ СТАР ЕМ ЗДРАВ
Ginkgo biloba, познат и како гинкго или гинко е најстарото дрво на светот кое на планетатa Земја живее уште од пред околу 270 милиони години. Чарлс Дарвин ова дрво го нарекол жив фосил, бидејќи гинкото го преживеало дури и Леденото доба. Во неговата постојбина, југоисточна Кина, во храмовите на будистичките свештеници можат да се сретнат примероци постари и од 3.000 години, бидејќи за Будистите, гинкото е свето дрво. Името гинко потекнува од кинеските зборови gin и kyo, што во превод значи…










