Отворање на првата стрип изложба во МКЦ во Битола
Во рамките на проектот Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија на 7 мај 2015 година беше отворена првата стрип изложба во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Битола. Стрипот настана како идеја на еко-клубот кој работи во МКЦ Битола и Македонското еколошко друштво. Темата на стрипот беше инспирација од кампот за еколошки мониторинг кој МКЦ и МЕД заеднички го организираа во Националниот парк Пелистер а на кој членовите од еко-клубот ги…

