Кичевчани свесни и волни да му помогнат на рисот
Центарот за култура „Кочо Рацин“ на градот Кичево одржа јавен настан во склоп на нивната програмата „Културно уметнички реформи – едно поинакво Кичево“. Јавниот настан беше на тема „Заштита на Балканскиот рис во Кичевскиот регион“ и се одржа на 24.12.2015 година. Присутните учесници беа главно претставници од ловечките организации од Кичево, ученици од средни и основни школи, како и заинтересирани граѓани. Документарното видео „Програма за закрепнување на балканскиот рис“ го отвори овој настан…
