Skip to content

News

238 posts

Работилница за мониторинг на крупни ѕверови на Осоговските Планини, април 2016

На 11.04 и 12.04.2016 во рамки на проектот „Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осогово“ беше одржана Работилница за мониторинг на крупни цицачи на Осоговските Планини. Работилницата беше одржана во просториите на „Хижа Осогово“, а на истата присуствуваа членови на Македонско еколошко друштво и Бугарска фондација за биоразнобразието. Целта беше да се презентираат состојбата со крупните ѕверови и нивниот плен од двете страни на Осоговските Планини и одредување динамиката на…

Новости

Спроведен тренинг за Атлас на птици гнездилки за сезона 2016 година

Волонтери и поддржувачи на МЕД учествуваа во обуката за Атлас на птици гнездилки која се одржа на 24 април во с.Побожје, Скопска Црна Гора. Целта на обуката е што повеќе луѓе да се запознаат со методологијата за спроведување на Атласот во Македонија, како и да ги подобрат своите способности за препознавање на птици. Подршка во обуката ни даде и холандскиот амбасадор г-н Ваутер Пломп, кој е искусен набљудувач на птици во Холандија, и активно ги набљудува и евидентира птиците во околина на Скопје.

Новости

83 отсто од локалното население сака Шар Планина да стане Национален парк

83% од локалното население коешто живее во општините долж Шар Планина сака планината да биде прогласена за национален парк, ова е резултат од спроведеното истражување за утврдување на свесноста на населението во однос на прашањата поврзани со идното прогласување на Шар Планина за национален парк што Македонско еколошко друштво и платформата „Пријатели на Шара“ го спроведоа во 2015 година. - Резултатите од ова истражување се навистина позитивни, конечно знаеме какво е мислењето на локалното…

Новости

Шар Планина заслужува поголема заштита

Платформата „Пријателите на Шара“ во соработка со Македонско еколошко друштво и Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа на 25 март во Општина Драгаш, Косово ја организираше конференцијата „Важноста од прогласување на Шар Планина за национален парк во Македонија“ во срцето на Националниот Парк „Sharri”. На овој настан учествуваа седумдесет учесници од кои шеесетина беа од Македонија. Целта на оваа конференција беше да сесоздаде дијалог меѓу клучните…

Новости

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ од Ресен ги споија трите модели на Преспа!

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“од Ресен на симболичен начин ги споија трите модели на Преспа, изработени од учениците од регионот по повод 2 февруари, Светскиот ден на водни живеалишта. На настанот кој се одржа на 19 февруари во Општина Ресен, претставници на Општината, ПреспаНет членови и учениците кои учествуваа во изработката на македонскиот дел на Преспа, имаа можност да ја видат целосната слика на Преспанското Езеро како едно водно живеалиште. Моделот на Преспа понатаму ќе патува и во…

Новости

Training on Large Carnivore Monitoring in Greece

A two-day workshop on large carnivore monitoring took place in Prespa, Greece, on 2 and 3 February 2006. The workshop was organised by the MES team engaged in lynx study and protection, together with PPNEA from Albania and Calisto from Greece. The workshop was initited by SPP and it was attended by over 40 participants, including SPP employees and rangers. Besides training on monitoring the lynx and its preys, several field work activities were conducted and a few camera traps were deployed.

Новости

Продолжуваме со активностите на Осогово!

Од 22 до 24 јануари 2016 година во Кочани се одржа првата средба на Македонско еколошко друштво и партнерските организации Бугарската фондација за биоразнообразие (BBF) и Еуронатур од Германија по повод отпочнувањето на новиот прекуграничен проект насловен „П о ддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговските Планини“. Проектот кој ќе се спроведува до март 2018 година, предвидува поддршка за одржливо шумарство на Осогово, подобрување на познавањето на крупните цицачи на Осогово…

Новости

МЕД како дел од проектот Заштита на биодиверзитетот на Балканот – Зајакнување на соработката долж Балканскиот зелен појас

Програмската канцеларија на IUCN за Јужно-источна Европа и Еуронатур од Германија во јануари 2015 година го започнаа проектот „Заштита на биодиверзитетот на Балканот - зајакнување на соработката долж Балканскиот зелен појас“ кој ќе трае две години, а е финансиран од Германската федерална фондација за животна средина (DBU) . Целта на проектот е заштита на прекуграничната еколошка мрежа на границите на Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија, Турција и Романија, преку…

Новости

Светски Ден на Водните живеалишта

По повод 2 февруари - Светскиот ден на водните живеалишта, МЕД, СПП и ППНЕА заеднички изработија макета на Преспа. За оваа цел децата од основните училишта во трите земји работеа на комплетирање на секој од трите делови на регионот. Во Македонија активноста се спроведе во Ресен, во ОУ „Гоце Делчев“, каде преку игра децата ги проширија знаењата за водните живеалишта и нивното значење. Учениците на макетата на македонскиот дел на Преспа, претставија како тие го гледаат Рамсарското подрачје во кое…

Новости

Фото конкурс - Балкански Зелен појас 2016

Во рамките на Балканскиот зелен појас, дел од иницијативата Европски зелен појас, во секоја од деветте држави на Балканот се организираат фото конкурси на тема мотиви од зелениот појас. Македонското еколошко друштво, како членка на асоцијацијата Европски зелен појас, заедно со Еуронатур од Германија го најавува првиот фото конкурс на оваа тема, кој ќе трае до 30 јуни, 2016 година. Што е тоа Зелен појас? Мрежа која ги поврзува пограничните региони со исклучителни природни вредности сочувани долж…

Новости

Над 20.000 водни птици набљудувани за време на зимскиот цензус во Македонија

Три тима составени од вработени во МЕД и волонтери оваа година ја имаа една од најпредизвикувачките задачи да ги набљудуваат и пребројат водните птици за зимскиот цензус во вистински зимски услови; од ветрови на југоисток до снег и дожд на југозапад. Сепак лошите временски услови и постојаните ниски температури не ги спречија тимовите да ја завршат својата работа и да забележат над 20.000 водни птици на различни водни површини – природни езера, акумулации, мочуришта и реки. Зимскиот цензус на…

Новости

Придружете ни се во јубилејното зимско пребројување на птиците!

Годинава цензусот слави златна годишнина - 50 години! Земјите кои припаѓаат на Афричко-евроазискиот миграторен пат ќе ги бројат водните птици во средина на месец јануари. Придружете ни се и нас да ги изброиме птиците кои доаѓаат на езерата, акумулациите и другите влажни станишта во Македонија. Распоредот за овогодинешниот цензус во Македонија е следниот: - Преспанско езеро, 16ти јануари - Охридско езеро, 17ти јануари - Велешко езеро, влажни станишта околу Ќоселари и Кучичино, брана Мантово,…

Новости