Втора обука по проектот Градење на капацитети за НВОи од Косово и Црна Гора
По успешната прва обука во Вевчани во 2012 година, во периодот од 24 до 30 јуни 2013, долината на реката Валбона на планината Проклетие во Албанија ги пречека учесниците од невладините организации од Косово и Црна Гора на втората обука за градење на капацитети за заштита на природата. Првиот дел од оваа обука имаше за цел да ги воведе учесниците во генералниот концепт на мониторинг: зошто, што, како и кој треба да врши мониторинг презентирана од професорот Урс Брајтенмосер од швајцарската…


